Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”


Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од МВР.

Ваквата одлука следува по одбивање на барањето на Јанкуловска, упатено до Врховениот суд за вонредно испитување на одлуката на скопска апелација за случајот со незаконската набавка на мерцедесто „С-600″ во износ од 600 илјади евра. Освен Јанкуловска, во овој предметот како виновни се прогласиа и Ѓоко Поповски (кој веќе е во извршување на казната затвор) и Никола Груевски кој моментално е во бегство во Унгарија, (осуден на две години затвор).

Воедно, против Јанкуловска, во Кривичниот суд Скопје, моментално се во тек и две други предмета за „злоупотреба за службената должност”, (Таргет-Тврдина и Титаник). оџ/

 


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

1 Comment

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*