ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за два денара, цените на другите нафтени деривати не се менуваат


Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ ќе поевтини за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

 

 

Новата цената на БС-98 ќе биде 94 денари.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.