ЕК за неколку дена треба да почне да користи „Северна Македонија“

Европската Комисија се подготвува за неколку дена да почне да го користи новото име „Република Северна Македонија“, јави дописничката на МИА од Брисел.

Откако двете земји го ратификуваа договорот, Европската Комисија чека да завршат сите предвидени процедури помеѓу Скопје и Атина за да влезе во сила употребата на новото име во европските институции. Македонија треба сега да ги извести Обединетите Нации и сите меѓународни и регионални организации дека Преспанскиот договор стапи во сила и да побара од нив да го користат терминот „Северна Македонија“. Според дипломатски извори, ЕК очекува известување од Скопје до среда оваа недела, паралелно со известувањето до ОН.

Меѓутоа, некои работи не се до крај разјаснети, информираат во ЕК, односно нејасно е дали промената на терминот ќе се случи веднаш или дали ќе се чека одлуката на Колеџот на комесари или пак на Советот за надворешни работи на ЕУ, предвиден на 18 февруари, каде во заклучоците би можело да биде усвоена официјално употребата на новото име од страна на министрите за надворешни работи на ЕУ.

И во Советот и во Комисијата се работи на утврдување на процедурите, информираат од овие институции.


Вести

Песков: Путин и Ким ќе се сретнат до крајот на месецот

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе се сретнат до крајот на месецот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека не може да го каже точниот датум на средбата. […]

Вести

ТНТ: Сведочење на професорот Арсовски од Архитектонскиот факултет

Со сведочење на професорот на Архитектонскиот факултет во Скопје Владимир Арсовски, а со мало задоцнување, почна рочиштето за предметот „ТНТ“, за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Професорот Арсовски одговара на прашања […]

Вести

Вториот ден на Велигден 29 април неработен за сите граѓани

Вториот ден на Велигден, според православниот календар, 29 април 2019 година, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Министерството во исто време, на граѓаните од православна […]