Во Љубљана околу 15 часот се слушнале истрели од огнено оружје, а локалната полициска управа соопшти дека две лица починале од прострелни рани на местото на настанот.
Напаѓачот сè уште е во бегство, соопштија полициските службеници кои го обезбедуваат местото на престрелката и трагаат по сторителот.
– Ве молиме да ги почитувате упатствата на полициските службеници за да не ја попречувате работата на итните служби, нагласи полициската управа на Љубљана.