ДКСК иницира прекршочни постапки за градоначалниците на Гази Баба и на Штип

Државната изборна комисија ќе иницира прекршочни постапки  за градоначалниците на Општина Гази Баба и на Општина Штип за прекршување на Изборниот законик и на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.

На денешната седница на Комисијата делумно беше прифатен приговорот од ВМРО – ДПМНЕ за договорот склучен од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски со Агенција за обезбедување имот и лица во вредност од четири милиони денари, за физичко и патролно обезбедување на 11 основни училишта и две детски градинки. За склучениот договор, утврди ДКСК, се работи за финансиски средства предвидени во годишните јавни набавки, меѓутоа спорно е соопштението објавено за настанот од страна на општината и објавено во неколку медиуми, за што и ќе се иницира прекршочната постапка.

Прекршочната постпка против градоначалникот на Штип е во врска со  дистрибуција на дрва за огрев на четири социјално загрозени семејства и за Ј.П „Исар“, со помош на ЈП.„Македонија пат“ и „Македонски шуми“, како и ТТПЕ.

По приговор од ВМРО – ДПМНЕ, комисијата заклучи да се иницира постапка за утврдување одговорност за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – Скопје, која исплатила вкупно 77 милиони денари на над две илјади лозари за откуп на винско грозје од реколтата 2014-2015 година од приватните винарии „Повардарие“ и „Стефанс“. Според ДКСК не се работи за тековни односно редовни исплати.

ДКСК по сопствена иницијатива ќе отвори и постапки за утврдување на фактичката состојба во однос на соопштението објавено на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 14-ти април дека се исплатени 27 милиони евра на 26.776 тутунопроизводители за реколтата од 2018 година.

Ќе се утврдува и фактичката состојба и ќе се бара да се преземат понатамошни постапки од страна на Институцијата во врска со раководителот на одделението за хортикултура Јово Темелковски во ЈП „Водовод и канализации“ кој на 16-ти април со маица од претседателскиот кандидат Стево Пендаровски се појавил во работните простории.

ДКСК го отфрли приговорот од ВМРО – ДПМНЕ  против в.д. градоначалник на Општина Ново Село за вработување 10 општи комунални работници на определено време од 30 дена.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]