ДИК: Не сме ненадлежни да одлучуваме по барањето мислење на Чулев за назначувањето шеф на СВР-Скопје


– Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница  утврди дека решението за назначување на раководна позиција од страна на министерот за внатрешни работи не претставува акт или документ кој се однесува на правни финансиски или кадровски прашања поврзани со организација на изборите.

Членовите на Државната изборна комисија едногласно гласаа за овој заклучок укажувајќи дека не се надлежни да одлучуваат по барањето мислење на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во врска со одлуката за именувањето на Ристо Ставревски за шеф на СВР – Скопје, која не беше потпишана од дополнителната заменик-министерка во МВР Славјанка Петровска.

Согласно Законот за Влада, за одлуките на сите министри и нивните дополнителни заменици во техничката влада се потребни два потписа, односно тие имаат врзани потписи.

Во случај на несогласување меѓу министерот и дополнителниот заменик-министер во министерствата во врска со тоа дали одредено правно, финансиско и кадровско прашање се однесува на организација на изборите, ДИК е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и да ја проследи до односното министерство. Одлуката на ДИК е конечна.


Собранието конституирано, претседателот на десетиот состав ќе се избере кога ќе се создават услови - МИА
Вести

Неизвесно денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието

Скопје, 13 август 2020 () – Неизвесно е одржувањето на денешната седница на Собранието што вчера ја најави претседавачот на новиот парламентарен состав Талат Џафери. Од собраниските служби засега нема никакво официјално соопштение, а седницата […]

Регистрирани 101 новозаразен со КОВИД, пет лица починати, 22 оздравени - МИА
Вести

Бројот на новозаразени и натаму трицифрен, иако има тренд на намалување

Скопје, 12 август 2020 () – Нови 139 случаи со Ковид-19 од 1.627 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Оздравени се вкупно 239 лица. Почина еден пациент […]

НСОН бара исплата на платата за март за основното и средното образование - МИА
Вести

Комисијата за заразни болести и Владата треба да одлучат како ќе се одвива учебната година

Скопје, 13 август 2020 () – Комисијата за заразни болести, како што најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, треба да има завршен состанок, по што би требало да биде закажана седница на Влада, на која […]