Арсовска од самитот во Софија: Новата економска платформа ќе ги поврзе бизнисите на Македонија и Кина



7 јули 2018, Софија, Бугарија – Во присуство на над 1000 делегати од НР Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ)  во рамки на Економскиот форум на 7. Самит на шефовите на Влади на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) го презентираше проектот за новата економска платформа за Кинеските инвеститори кои планираат влез на европскиот пазар преку која ќе се зајакне трговијата и соработката меѓу бизнисите од Македонија и НР Кина.

Нашата земја е добро стратешки геопозиционирана, што претставува одлична можност за избор на Македонија за отворање на еден од центрите за транзит и дистрибуција на  производите од НР Кина кон регионалниот но и кон западно европските пазари. Воспоставување на платформата  за зајакнување на соработката помеѓу компаниите од Македонија и НР Кина, ќе значи можност за зголемување на трговијата и заеднички вложувања на нашиот пазар“, изјави Данела Арсовска и додаде дека над 20.000 компании од Македонија ќе имаат бенефит од приклучување кон платформата. Со активностите на Сојузот за зголемување на бизнис соработката со НР Кина, со посебен акцент на промовирање на кинескиот мега проект „Еден појас, еден пат” за инфраструктурно и економско поврзување на Азија, Европа, Африка и Блискиот Исток, дава силен мотив за успешна реализација на проектот.

Потпретседателите Габриела Кулебанова и Александар Милошевски, како и претседателот на градежната комора Ивица Јаќимовски остварија директни значајни средби во рамки на Самитот со платформата која се очекува да поврзе над 20.000 македонски компании со кинески инвеститори.

Минатата година во Унгарија ССК оствари успех со потпишување на 7 договори за трговски партнерства меѓу Република Македонија и НР Кина. Претседателот на ССК, е потписник на единствениот договор на балканот за економска соработка со Кина со што за македонските компании се отвори пат за директен пристап на најголемиот азиски пазар. На годинешниот деловен форум ставен е акцент на следните сектори: Високи технологии, инвестиции, индустриско партнерство, заедничко вложување, инфраструктура (вклучувајќи и транспортна и патна инфраструктура, енергетика), земјоделство и туризам.

Во 2017 и во 2016 година по однос на  вкупната надворешно-трговска размена, НР Кина е 7. трговски партнер на Република Македонија. Вкупната трговска размена минатата година според официјалните статистички податоци изнесувала, 506 милиони американски долари. При тоа, остварен е извоз во вредност од 62,2 милиони долари, а увоз од  444,0 милиони американски долари. Во 2016 година,  вкупната трговска размена изнесувала, 469 милиони американски долари, со остварен  извоз во вредност од 47,8 милиони долари, а увоз од  421,2 милиони американски долари.


Бизнис и економија

Цената на горивата останува иста

  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво како минатата […]

Вести

Четири лица починаа, потврдени се 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа, потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 тестови, а починаа четири лица,  соопшти Министерството за здравство. Во Скопје се потврдени 20 нови случаи, во Кочани – девет, во Струмица […]

Вести

Ѓоргиев: За нас останува неприфатливо барањето Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин

– Барањето на Бугарија Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин, за македонската страна останува неприфатливо, вели Драги Ѓоргиев копретседател на македонскиот тим во Мешовитата комисијата за историски прашања  со Бугарија. Тој во интервју за […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*