Апелација ги потврди затворските казни за обидот за убиство на Зијадин Села


Апелацискиот суд во Скопје ги потврди во целост сите затворски казни изречени од Основниот кривичен суд Скопје на седуммината обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на РМ на 27 април минатата година.

Пресудата за случајот беше објавена на 5 јули годинава. Судијката Славица Андреевска на седуммина им одреди затворски казни меѓу тринаесет и десет години затвор, а двајца обвинети кои ја признаа вината добија три и една година затвор. Поради немање доволно докази обвинението беше повлечено за еден од првично обвинетите.

Кире Георгиевски доби 13 години, Андреј Мицов 10 години и шест месеци, Оливер Ошавковски 10 години и шест месеци, Николче Димитриевски 10 години и шест месеци, Александар Јаневски – Тошта 13 години, Никола Војминовски 13 години и шест месеци и Коста Делев 10 години и шест месеци. Виновни се дека со умисла се обиделе да го убијат Зијадин Села.

Обвинението го поднесе и го застапуваше обвинителот Дарко Јакимовски од Јавното обвинителство Скопје.

Вести

Нови рочишта за „Ласкарци“, „Траекторија“ и „Транспортер“

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случаите „Ласкарци“, „Траекторија“ и „Транспортер“. Судењето за автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа […]

Бизнис

Буџетот за 2020 година за Владата реален, за опозицијата најголем буџет во историјата, власта планира да потроши 3,9 милијарди евра на популистички програми

Владата го утврди буџетот за наредната година, оценувајќи го како реален со реални проекции, фокусиран на човечкиот капитал, со зголемени плати, пензии и капитални инвестиции на ниво од 23 милијарди денари. Тежи 3,898 милијарди евра […]

Вести

Парламентот и изгласа недоверба на Владата на Молдавија

Пратениците во молдавскиот Парламент денеска  и изгласа недоверба на владата. Владата доби доверба од 63 пратеници, додека 101 го поддржаа предлогот за недоверба на  владата. Владата предводена од премиерката Маја Санду беше избрана само пред […]