Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеси соопшти дека во последните 24 часа се изгаснати 10 пожари низ целата земја.
Според него, во гаснењето на пожарот биле ангажирани 100 припадници на армијата, 4 возила и хеликоптер „Кугар“.
„Се движиме кон конечно гаснење на пожарот на планината Спираг, каде веќе два дена се распоредени 100 војници и армискиот хеликоптер „Кугар“ за целосно неутрализирање на пламените јазици“, рече тој, пренесе Албанската пошта.