
– Вкупно 20711 активни случаи на Ковид-19 се регистрирани во земјава, од кои речиси половината 9985 се во Скопје, а во болниците се лекуваат 1290 пациенти. И покрај растот на бројот на инфицираните, сепак, болниците располагаат со слободни кревети. За да се овозможат дополнителни простории за лекување на заболените, од понеделник на располагање ќе бидат ставени и дел од капацитетите и медицински екипи и од приватните болници.
Во претходното деноноќие се евидентирани 1039 нови случаи на ковид-19 од направени 3143 тестирања. Има 998 оздравени пациенти, а починаа 15 лица. 24660
Надлежните уверуваат дека и покрај големиот наплив на пациенти, тие се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
– Во болницата во Битола се хоспитализирани 70 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 111 пациенти, во Прилеп 104, во ковид центарот во Гостивар 49, а во Струга 32 болни, известија од Министерството.
Во болницата во Струмица лежат 72 пациенти, во Кочани 20, во Кичево 18, Кавадарци 44, а во Гевгелија девет лица позитивни на корона вирусот. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.