УШТЕ 3 ДЕНА ДО ЕКСКЛУЗИВНИОТ НАСТАН СО ДАРКО МИРКОВИЌ



ript>

Во понеделник, 12.02.2018, во 18.30 часот во хотел Арка во Скопје, ќе се одржи долгоочекуваниот настан со најдобриот мотивациски говорник на Балканот, Дарко Мирковиќ.


 

Истиот е во организација на Асоцијацијата на менаџери на Македонија (АММ), кои редовно отвораат можности од ваков тип за своите членови.

Мотото на Дарко Мирковиќ е: „Верувај и направи!“ и одлично се поклопува со методот на работа на Асоцијацијата на менаџери на Македонија (АММ). Поради таа причина спојот на оваа организација и говорник е ексклузивна можност.

Дарко Мирковиќ во неодамнешно интервју истакна, „Мојата животна цел е да допрам до што поголем број на луѓе за да ги постават и остварат своите цели, и при тоа да го зголемат својот личен потенцијал.“. Резултатите од неговите тренинзи се опипливи за секој кој е запознаен со неговата работа, а за тие кои не се може да се уверат во истите и да ги надградат своите вештини за зголемена продажба, поголема продуктивност во работата, поголем профит на компанијата, поголеми лични резултати и резултати на вработените. Еден од најдобрите светски мотивациски говорници, Брајан Трејси, за Мирковиќ вели дека е голем експерт кој може да му помогне на секого.

Се покануваат сите претприемачи, менаџери или, пак, сите кои сакаат да научат некоја нова вештина да се пријават на info@amm.com.mk.