Работна посета на Министерот за надворешни работи Димитров на Република Бугарија


Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денес, во Софија, во рамките на работната посета на Република Бугарија, оствари средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Рaдев, со претседателот на Владата, Бојко Борисов и со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.



 Министрите за надворешни работи на двете земји, Димитров и Захариева, во присуство на премиерот Борисов, ги разменија ратификационите документи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и го потпишаа Протоколот за нивната размена, со што Договорот стапи во сила. Притоа, министрите и премиерот ја подвлекоа важноста на Договорот, како поттик за натамошно зацврстување на односите и соработката меѓу двете држави, но и добар пример за унапредување на добрососедските односи меѓу државите во регионот.

Во фокусот на билатералните разговори  беа ставени прашањата од заеднички интерес за двете држави, во насока на унапредување на севкупната соработка по влегување во сила на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со акцент на економијата, енергетиката и инфраструктурата.

На сите средби беше констатирано дека Република Македонија и Република Бугарија ги споделуваат заедничките европски вредности, идерали и принципи. Исто така, беше изразена подготвеност за конкретна поддршка на евро-атланските процеси кои ќе овозможат реализација на долгорочните стратешки приоритети на Република Македонија.


Вархеји: Осумстотини милиони евра помош за Западен Балкан и Турција од ЕУ - МИА
Вести

Вархеји: Се помалку е извесно дека Скопје и Тирана годинава ќе ги почнат преговорите со ЕУ

– Се помалку е извесно дека до крајот на годинава ќе бидат усвоени преговарачките рамки и ќе почнат преговорите со Северна Макеоднија и со Албанија за членство во ЕУ, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. […]

Вести

Во Бразил запленети речиси 2,5 тони кокаин

Бразилската полиција соопшти дека во едно предградие на Рио де Жанеиро откри и заплени 2,46 тони кокаин. Во акцијата приведени се две лица. Кокаинот се чувал во хангар. Полицијата соопшти дека тоа е најголемо количество […]

Вести

946 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-426, Куманово-36, Дебар-2, Штип-22, Прилеп-56, Тетово-46, Струга-24, Велес-30, Битола-61, Охрид-31, Кавадарци-24, Гостивар-46, Гевгелија-12, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*