Моторциклист го изгуби животот


Тешка сообраќајна несреќа се случи во која има и жртва. На 04.02.2018 година  околу  17,00 часот на бул.“Борис Трајковски“ Е.А.(38) од Скопје управувајќи моторцикл „Сузуки“ изгубил контрола, паднал и од здобиените повреди починал на лице место, изветуваат од МВР. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.