МОН со поддршка за иницијативата “Во зима со велосипед на училиште и работа”


Министерството за образование и наука дава поддршка и се приклучува кон иницијативата на неформалното здружение НаТочак и ве повикува да се вклучите во овогодинешниот “Winter Bike To Work Day/School Day“, глобална иницијатива чија цел е подигнување на свеста за важноста и придобивките од користењето на велосипедот како превозно средство до работа и училиште во текот на целата календарска година. 



 

Што е Winter Bike to Work / School Day?

Winter Bike to Work Day e интернационален ден на кој што луѓето го одбележуваат движењето со велосипед на работа и училиште во зима, притоа кревајќи ја свеста за ова превозно средство во ладните месеци, водејќи се од наративот: Не постои лошо време, постои само лоша опрема.

Како може вие да се вклучите?

 

  1. Пратете електронска адреса и повикајте ги вашите вработени на 09.02.2018 година, да дојдат со велосипед на работа.
  2. Впишете се Вие, Вашата институција/училиште и вашите вработени/ученици на мапата на светскиот настан https://winterbiketoworkday.org/
  3. Додадете ваш локален настан доколку сакате и ставете се на светската мапа на Winter Bike to Work настани https://winterbiketoworkday.org/addevent/
  4. Смислете (по можност) креативни начини за поттикнување на вашите вработени/ученици да се појават на велосипед на 9.02.2018 во што поголем број.
  5. Стиснете Вие и вашите вработени “ќе присуствувам” на фејсбук настанот, и доколку вашето училиште има веб страница или фејсбук профил, споделете го настанот со останатите
    https://www.facebook.com/events/411957482572496/
  6. Објавете дека се приклучувате на настанот на традиционални и дигитални медиуми
  7. Дојдете на работа/училиште на 09.02.2018та на работа со велосипед
  8. Постирајте содржини и слики на хаштагот #WinterBikeToWorkDay или #WinterBikeToSchoolDay и/или локалниот:#WBTWDSkopje (за работа) или #WBTSDSkopje (за образование) и пофалете се за Вашиот транспортен избор тој ден. Бидете кул компанија/училиште чии вработени/ученици возат точак и на ладно време.

 

Ученици, наставници, професори и студенти, ве повикуваме да се придружите на оваа прекрасна иницијатива. Уживајте во возењето, почитувајте ги правилата во сообраќајот, внимавајте на сопствената безбедност и безбедноста на останатите граѓани и учесници во сообраќајот.