МИЕС го завршува проектот “Концепт за медиумски писмен студент“


Утре, четврток, 1 февруари од 12 часот ќе се одржи свечено доделување на сертификатите за студентите учесници на проектот “Концепт за медиумски писмен студент“ во организација на Македонскиот институт за европски студии (МИЕС), со што ќе биде заокружен овој проект. Работилниците на кои земаа учество 25 студенти беа организирани со помош на грант доделен преку проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост”, што го спроведува Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „НоваМакедонија“
со финансиска поддршка од ЕвропскатаУнија.

Имено, проектот беше насочен кон студентската популација, која минува низ суштинска промена во доживувањето на светот. Добиваат право на глас и стануваат економски и политички активни. Стануваат мета на компании, политички партии, глобализациски и други процеси.
Оваа целна група е многу сензитивна и општествено активна. Општествените модели кои ги прифаќаат доаѓаат преку медиумите. Во нивната перцепција вообичаен е презир или одушевување на одредени состојби пример глобални проблеми: екологија, социјалната правда. Факт е парадоксот дека кај младите се појавуваат нетрпение и фрустрација: кога граѓанските институции (образовниот систем, семејството, пазарот на работната сила) сеуште ги држат младите на еден инфантилен степен и покрај тоа што тие се подготвени да делуваат како возрасни.
Проектот “Концепт за медиумски писмен студент“ имаше за цел да се намали дистанцата од медиумите по пат на разбирање на нивното функционирање и запознавање со нивната содржина, како и нивно поставување во различни переспективи во однос на системите во кои тие се развиваат. Истиот опфати повеќе активности (работилници, едукација, музички, хепенинг, подготовка и дисеминација на печатени материјали) со што студентите се стекнаа со подобро медиумско разбирање, а со тоа и можност да ги имплементираат сознанијата во нивната натамошна активност.

Фб. Медиумски писмен студент


Вести

Државна матура од 29 мај до 14 јуни, информатика и географија првпат во листата на изборни предмети

– Трите екстерни испити од државната матура од учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни. Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со […]

Вести

Активни 20 687 случаи на заболени од Ковид-19, наскоро во земјава ќе пристигне лекот „Фавипиравир“

– Во земјава до вчера како активни се регистрирани 20 687 случаи на заразени во Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега беа заболени 55 127 лица, се излекуваа 32 894, а починаа 1546 лица. Како […]

Собранието ја констатира оставката на пратеникот Фљорин Бесими - МИА
Вести

Се продлабочуваат несогласувањата меѓу пратениците од власта и опозицијата за онлајн гласање

– Ќе успее ли владејачкото мнозинство во намерата да изгласа работа на далечина за пратениците болни од Ковид-19 или во самоизолација, или ставањето на дневен ред на Предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*