Десет сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје


Во текот на вчерашниот ден (01.02.2018 година), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, шест со телесни повреди и три со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди а осум со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 16 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а 17 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Поради истечена важност на сообраќајната дозвола од сообраќај се исклучени девет возила. Исто така санкционирани се четворица возачи кои ја поминале крстосницата на црвено светло како и еден возач којшто не дал првенство на минување. Во текот на изминатиот ден издадени се 66 мандатни платни налози,  додека 74 возила се подигнати со “Пајак”.




Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Вести

Најмалку 37 полицајци и жандарми се повредени во судирите со демонстрантите во Париз

Според првичниот извештај на францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманан, 37 полицајци и жандарми се повредени за време на демонстрациите во Париз, јави дописникот на МИА. Министерот за внатрешни работи на Твитер го осуди […]

Вести

За еден ден во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 52 пациенти, вкупно се лекуваат 437 лица со Ковид-19

– Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 437 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*