Знаете ли како се подготвува јапонска вода?


Рецепт кој се издвојува по својата ефикасност и брзите резултати е водата со ѓумбир, која многумина ја нарекуваат јапонска вода. Водата со ѓумбир ги гарантира резултатите, кога станува збор за слабеењето.


 

Ви помага да согорите маснотии и да изгубите тежина во најкус можен рок. Областа на колковите и стомакот која е најтешка за обликување, повеќе нема да биде ваша проблематична област.

Покрај губењето на вишокот килограми водата со ѓумбир ги има следните позитивни ефекти:

  • Го нормализира крвниот притисок
  • Лечи инфекции
  • Таа е антивоспалително средство
  • Ја подобрува циркулацијата
  • Го подобрува варењето и апсорпцијата на хранливи материи
  • Лечи дигестивни проблеми
  • Го поддржува вашиот имунолошки систем
  • Ја ублажува болката во зглобовите

Состојки:

1,5 литар вода
Тенки парчиња ѓумбир
Сок од лимон

Подготовка:

Ставете ја водата во сад да зоврие. Измијте го и излупете го ѓумбирот, потоа исечете го на парчиња.

Парчињата додадете ги во зовриената вода и варете на средна температура, додека не омекне.

Оставете го чајот да се излади, процедете, додадете малку сок од лимон и уживајте.