ВМРО-ДПМНЕ со реакција на изјавата на Горан Сугарески


Измина скоро цела година, а СДСМ и Сугарески не сработеа буквално ништо.


 

Ги бива само за парадирање пред проектите кои што ги обезбеди и отпочна ВМРО-ДПМНЕ.

Увидот кој што го направи Сугарески на автопатот Неготино-Демир Капија е проект на ВМРО-ДПМНЕ за кој беа обезбедени 5 милиони евра и требаше да се реконструираат двете ленти по 8 километри, или вкупно 16 километри. Истиот е отпочнат од ВМРО-ДПМНЕ и е во поодмината фаза на реализација.

СДСМ и Сугарески треба да се срамат. Наместо да парадираат и промовираат проекти на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните очекуваат од СДСМ да ги реализираат ветувањата од предизборието. Граѓаните очекуваат да се реализираат ветените 600 километри автопат, поврзувањето од Делчево до Охрид каде што ќе се патува за 2 часа, 550 километри магистрални и 1.000 километри локални патишта.

Се покажа дека сето ова е една огромна лага. Лага која ја искористија за да ги изманипулираат граѓаните и да ги добијат нивните гласови.

Граѓаните очекуваат да се пушти во употреба и автопатот Демир Капија-Смоквица кој е веќе целосно реализиран, а СДСМ се неспособни да ја финализираат процедурата околу пуштање во употреба.

Штом СДСМ не може да пушти готов автопат во употреба, замислете што ли се случува со другите инфраструктурни проекти.

За 10 месеци немаат отпочнато ниту 1 метар било каков пат.

Граѓаните добро паметат кој што отпочна да работи и што реализираше. СДСМ и Сугарески не можат да ги излажат граѓаните.

СДСМ очигледно нема капацитет ниту да отпочнат, ниту да го завршат она што ВМРО-ДПМНЕ го отпочнало.