Спречен обид за криумчарење мигранти, приведен гостиварец


– Министерството за внатрешни работи информира дека вчера бил приведен гостиварецот Н. А (35), бидејќи во неговото возило биле пронајдени четири лица мигранти, турски државјани.


 

– На 27 февруари, околу 11.30 часот во с. Банско, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село во содејство со Посебната единица за поддршка го лишиле од слобода Н.А.(35) од с. Долна Бањица, гостиварско, затоа што при преглед во возилото „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти, турски државјани, известуваат од МВР.

По насоки на Јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Н.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.