Приведен криумчар на мигранти, пронајдени  13 лица од Пакистан


 Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при РЦ за ГР Север, во близина на село Костурник на автопатот Куманово – Табановце денеска околу 15 часот во товарно моторно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К (34) од Рашче, Скопско пронашле 13 лица- мигранти од Пакистан.


 

Од МВР информираа дека е приведен А. К. и против него ќе биде поднесена кривична пријава.