Направете млечна купка според рецептот на Клеопатра


Една од најмоќните жени од историјата e Клеопатра, која била позната по сцојата неверојатна убавина и нејзините ритуали. Најпознатата нејзина навика е капењето во млеко со додатоци од лаванда, мед и ливчиња од рози.


 

Иако на прв поглед тоа е само пријатно естетско искуство, исто така има корисен ефект особено за кожата.

Млечната киселина ги чисти и отстранува мртвите клетки од кожата, со што таа изгледа млада и блескава.

Млекото денес се додава во козметички производи, креми за лице и шампони.

Млечните киселини дејствуваат на намалување на брчките и позитивно влијаат на исушената кожа. Затоа ова претставува природен начин за негување и подмладување.

За да направите млечна бања, ќе ви требаат следниве состојки:

– 2 чаши млеко во прав (можете да користите козјо, кравјо или магарешко)
– 10 капки лаванда есенцијално масло
– 1 чаша морска сол
– 2 лажици мед

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки и додадете еден литар вода. Мешајте додека не се растопи солта. Потоа мешавината се прелева во кадата исполнета со топла вода до половина. Промешајте со рака и додадете ливчиња од рози или некои други цвеќиња по желба.

Опуштете се и уживајте во нежната бања и заводливите мириси.

Во оваа прилика можете да запалите две мирисни свеќи, за уште поголем луксуз.

По оваа бања, можете да го исплакнете телото со млака вода.