Комерсант: Полицискиот мајор во Москва им давал податоци на трујачите на Навални


– Русија открила полицаец осомничен за давање информации на трујачите на главниот руски опозициски лидер Алексеј Навални, пишува денеска весникот Комерсант.


 

Инспекторите се сомневаат дека полициски мајор од Санкт Петербург имал пристап до тајни информации и оти наводно зел пари за информации за летот на Навални од Томск за Москва минатиот август, на денот кога рускиот опозиционер беше отруен.

Навални колабираше во авионот поради труење со нервен агенс, а еден полицаец, кој не е именуван во написот во весникот, е осомничен за злоупотреба на својата позиција, за што се предвидува затворска казна до десет години.