Чувајте го организмот од вируси: Руски рецепт


Вирусите, настинките и грипот доаѓаат со првите постудени есенски денови, кога сме особено чувствителни и нашиот имунитет е значително нарушен.


 

Во наредниот период, особено за време на глобалната пандемија со Корона вирус, лекарите препорачуваат да го зајакнеме имунитетот и да бидеме подготвени да се сретнеме со вирусот и грипот.

Руската алтернативна медицина нуди народен лек, кој комбинира речиси некомпатибилни природни состојки, но кој го обновува целиот организам.

Доколку често сте преморени и се чувствувате како да немате доволно енергија, тоа е првиот знак дека имунитетот е сериозно нарушен. Овој ефикасен руски еликсир ќе придонесе за прочистување на целиот организам и ќе ја врати изгубената енергија.

Рецепт на рускиот академик Људмила Григориевна Пучко:

За да го подготвите овој рецепт, ви требаат 2 лажици ситно сечкан лук, 3 лажици маслиново масло, 5 лажици природен ливадски мед, 50 мл. силен сварен зелен чај, половина кафена лажичка мелен пипер и една кафена лажичка јаболков оцет.

Пржете го лукот во маслиново масло една минута. Додадете ги сите состојки и измешајте на тивок оган 5 минути. Тргнете го од оган и оставете да се излади, потоа чувајте го во стаклена тегла, затворете со капак и ставете го во фрижидер.

Земајте една лажичка дневно, секогаш во исто време. Не е важно дали го земате еликсирот пред или после оброк.