АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

 ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

РАБОТИ НА ПАТ:

21.05.2018 година, започна изградбата на Експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.

Ги молиме сите учесници во сообраќајот за внимателно движење на овој потег, прилагодување на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација поради започнувањето и преземањето на градежни активности.

По изминување на зимската сезона за одржување продолжуваат градежните работи за рехабилитација на државниот пат А2 делница од Гостивар ( мост кај село Здуње ) до село Колари, како и санација на мостовите на истата делница во должина од 28,5 км.

Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември.

ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 21.02.2018 ќе се започне со градежни активности за Рехабилитација на државниот пат Р1102, делница од Петровец до Катланово, во делот од натпатникот Коњари кон Катланово (стариот пат). За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режимот на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.

 ГП ИЛИНДЕН – Струга известува дека од 30.01.2018 год. на регионалниот патен правец Р – 1301 од Билјанини извори – населба Коњско ќе започне измената на режимот на сообраќај поради изведување на градежни работи на пат. На местата на градежните работи ќе биде поставена вертикална и хоризонтална сигнализација.

Од 08.12.2017 на државниот пат А2, делница Струга – граничен премин Ќафасан, започнува измената на режимот на сообраќај. која ќе трае до завршување на градежните работи. Проодноста ќе биде обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација.

Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионалниот пат P1205. За таа потреба воведена е времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница  Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) на две точки на овој потез, од 2+397км до 3+910км, и од 7+060 км до 11+498 км, од 20.09.2017 е воведена времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

На патниот правец Демир Капија Неготино , на делот од Неготино до м.в.Острово,сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

Друштвото „Алфалт“ ДООЕЛ Скопје, известува дека се изведуваат градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици Отовица и Сопот. Во периодот од 18.10.2017 год. до 18.06.2018 год. на магистралниот пат А1 на делницата Велес – Скопје во близина на наплатната станица Отовица и на делницата Скопје – Велес во близина на наплатната станица Сопот, се воведува времен режим на сообраќај и се предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно.

Друштвото ‘’Бетон АД Скопје’’ известува дека од 26.10.2017 година, ќе се започне со градежни активности за Рехабилитација на државниот пат А4, делница од Кадино до Хиподром, од наплатна станица Петровец кон Хиподром. За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режимот на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.

Друштвото „Бетон АД Скопје“ извести дека од 20.10.2017 год. започнaa градежни активности – реконструкција и рехабилитација на државниот пат А2 делница Сарај – Групчин. За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режим на сообраќајот.

На магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид (Пресека – Песочан ) од 3+300 км до 5+600 км од 21.12.2017 воведена е времена измена на сообраќај со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ВНИМАТЕЛНО: На патниот правец Р 1308 Маказиг.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Денес, како и во петок преку денот ќе има ретка појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја. Во петок кон крајот на денот и во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

Вести

Јакимовски префлен од старата во новата зграда на Кривичниот суд во Скопје

Поранешнот градоначанк на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски предмалку е префрлен од старата во новата зграда на Кривичниот суд. Во придружба на полицаец Јакимовски  пред новинарите извикна „ќе ги тепаме, не им се плашиме“, симболично покажувајќи […]

Вести

Јакимовски осомничен за бесправна легализација и откуп на земјиште

Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски и уште четири лица Т.Ѓ […]

Вести

За Јакимовски и уште две лица се бара притвор, а за шестмина мерки на претпазливост

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје, достави предлог за определување мерка притвор против поранешниот градоначалник на […]

Вести

Рускоска за МИА: Јакимовски осомничен за злоупотреба на службена положба и овластувања

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стефчо Јакимовски е осомничен за легализација на државно земјиште што било откупено по драстично пониска цена, за МИА изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска. Според неа, станува […]

Вести

Јакимовски изведен пред истражен судија

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата ГРОМ Стевчо Јакимовски е приведен и изнесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Приведени се уште две лица, вработени во општина Карпош. Обвинението е […]

Вести

Приведен Стевчо Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата „Гром“ Стевчо Јакимовски утрово е приведен и е изнесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Обвинението е покренато од Основното јавно обвинителство, кое […]

Интересно

(ВИДЕО) Холандскиот претставник најголем фаворит на Евровизија

До Песната за Евровизија остануваат 56 дена, па обложувањата за годинешната победничка песна, почнаа. Според обложувалниците, со 21 отсто шанси за победа, на прво место се наоѓа Холанѓанецот Данкан Лоренс со песната „Arcade“. Песната на […]

Интересно

Познат рокер повика на бојкот на Евровизија

Поранешниот член на рок-групата Пинк Флојд, Роџер Вотерс упати повик до сите учесници на овогодишната Песна на Евровизија во Тел Авив, Израел, да ја бојкотираат. Рок-ѕвездата, пејач, гитарист, басист, текстописец и композитор, а сега и претставник […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*