Започна продажбата на Huawei 3 серијата на македонскиот пазар


Од 12 јули, новите премиум паметни часовници Huawei Watch 3 и Huawei Watch 3 Pro се достапни за македонските потрошувачи благодарение на Техномаркет, Анхоч, Сетек и Нептун. Huawei Watch 3 Pro е достапен со титаниумско тело од 48мм и кафеав кожен ремен по крајна цена од 25.999 денари. Huawei Watch 3 доаѓа во црна боја, со куќиште од нерѓосувачки челик од 46мм и црн силиконски ремен по малопродажна цена од 22.999 денари.


 

Серијата Huawei Watch 3 е базирана на новиот оперативен систем на Huawei – HarmonyOS, со атрактивно управување и постојано растечки број на апликации визуелизирани во грид-мрежа. Компатибилен е со сите паметни телефони со Android (6.0 и погоре) или iOS (9 и погоре). Поддржува Bluetooth повици, пораки и распознавање пад, при што можете да иницирате SOS повик до одреден број.

Карактеристични за серијата се материјалите од исклучително висока класа од кои се изработени – Huawei Watch 3 Pro со титаниумско тело, природен кожен ремен со бели украсни рабови, керамичка подлога за да се минимизира иритацијата на рацете и уште попрецизна детекција на здравствени параметри, како и облога на дисплеј со исклучително силно сафирно стакло. Во обете варијанти, фокусот е на добро дефинираната ротирачка 3D круна, визуелна референца на класичниот часовник, но нудејќи богати и интуитивни опции за контрола на допир.

Двата модели од серијата Huawei Watch 3 може да се пофалат со исклучителен, малку закривен AMOLED дисплеј од 1,43 инчи, во боја, со резолуција од 466 x 466 пиксели, и густина на пиксели од 326 ppi. Часовникот е чувствителен на допир и ги поддржува сите клучни интеракции како што се лизгање, потчукнување, притискање и држење.

Траењето на батеријата варира помеѓу вредностите во двата основни режими – Ultra-Long Battery Life Mode, чии вредности се мерат со континуирано следење на отчукувањата на срцето и квалитетот на спиењето навечер, 30 минути Bluetooth повици неделно, 90 минути вежбање со активиран GPS неделно, 6 повици, 3 аларми и 200 вклучувања на екранот дневно, и Smart Мode под големо оптеретување, вклучително и употреба на eSIM функционалност*. Во Ultra-long Battery Life Mode, батеријата на Huawei Watch 3 Pro трае до 3 недели, а Watch 3 – до 2 недели со едно полнење. Во Smart mode, животниот век е до 5 дена за Watch 3 Pro и до 3 дена за Huawei Watch 3*.

Како што е традиционално за паметните часовници на Huawei, и моделите од новата серија Watch 3 нудат богати можности за следење на здравствените и спортските параметри, кои нѐ инспирираат да водиме поздрав и подобар живот. Поддржани се повеќе од 100 спортски режими, од кои 6 се препознаваат автоматски, а на напредното мерење на отчукувањата на срцето, заситеноста со кислород во крвта, нивото на стресот и квалитетот на спиењето се додава тајмер за миење раце и мерење на температурата на кожата.

Сите модели од серијата имаат тело водоотпорно до 5АТМ, тешко 54g за Watch 3 и 63g за Watch 3 Pro, и поддржуваат безжично полнење. Повеќе информации за серијата може да најдете овде.