Во Шкотска пронајдена најстарата фосилизирана стоногалка


Во Шкотска пронајдена најстарата фосилизирана стоногалка - МИА

Единбург, 1 јуни 2020 () – Фосилизирано суштество налик на стоногалка, беше откриено во Шкотска и е, можеби, најстарото познато копнено животно – скромен „пионер“ на земниот живот од пред 425 милиони години.

Според научниците, фосилот е од ерата наречена силур.  Откриен е на островот Керера од шкотските Хебриди. Наодот е наречен „кампекарис обаненсис“ (kampecaris obanensis). Животното живеело околу езерата и се хранело со растенија во распаѓање.

И фосил на билката куксони, исто така – една од најстарите, е пронајден на ова подрачје.

Палеонтологот Мајкл Брукфилд од Унверзитетот на Тексас, е одговорен за трудот објавен во списанието „Хисторикал бајолоџи“. Тој вели дека кампекарисот е долг околу 2,5 сантиметра и наликува на денешните стоногалки, но му припаѓал на сега веќе изумрен вид кој не е нивни предок. Нозете на оваа древна членконога не се зачувани на фосилот.

Животот на земјата прво се развил во океаните, а суштествата почнале „да излегуваат“ од вода, од прилика, пред 540 милиони години.

Досега се веруваше дека првите копнени ‘рбетници – водоземците кои еволуирале од плитководни риби, се појавиле, најмалку, пред 375 милиони години. Тоа, главно, биле предците на денешните влекачи, птици и цицачи. 


Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција - МИА
Вести

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција

Скопје, 9 јули 2020 () – Гласањето на претстојните избори, и покрај актуелната пандемија на Ковид-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе решат да го остварат своето избирачко право, тврдат надлежните. Ќе се гласа […]

Уште четири дена до крајот на изборната кампања - МИА
Вести

Уште четири дена до крајот на изборната кампања

Скопје, 8 јули 2020 () – Изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е при крај. Партиите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, подигната економија и развој за наредниот […]