Визија за иднината: Samsung ги претстави најновите иновации на саемот за потрошувачка електроника CES 2021


СКОПЈЕ – 12. јануари 2021. – Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. ги претстави новите производи на виртуелна конференција за медиуми, организирана во рамките на најважниот меѓународен саем за потрошувачка електроника CES 2021, и покажа дека продолжува со иновации создавајќи решенија кои се флексибилни, поврзани и употребуваат вештачка интелигенција за да го направат секојдневниот живот беспрекорен.



„Нашиот свет изгледа поинаку и сме соочени со нова реалност – онаа во која домот доби многу поголемо значење“, рече Sebastian Seung, претседател и раководител на одделот Samsung Research, напредно истражувачки центар на компанијата Samsung Electronics SET, лидер во идниот развој во областа на технологијата. „Нашите иновации се дизајнирани да обезбедат лични и интуитивни искуства што ја изразуваат вашата личност. Се трудиме да ги претставиме иновациите од следната генерација за вашето подобро утре, со вештачка интелигенција (AI) како главен двигател“, додаде Sebastian Seung.

 

Создавање поинтимно и персонализирано корисничко искуство

Бидејќи луѓето минуваа повеќе време дома минатата година, технологијата што ја посакуваа стана онаа која им е потребна. Потпирајќи се на оваа технологија, луѓето сфатија на кои начини поврзани решенија можат да го олеснат животот. Телевизорите се важни за забава – но и за фитнес. Chromebook уредите станаа клучни алатки за учење дома. Паметните фрижидери помогнаа во шопинг и подготовка на оброци од далечина. Паметените телефони станаа неопходност.

Континуираните инвестиции на Samsung во иновации, кои се прилагодуваат на различните стилови на живот, му овозможува да биде во чекор со брзите промени. Клучните иновации претставени од оваа компанија вклучуваат:

 

  • Samsung Bespoke 4-Door Flex фрижидер[1]: Најновата верзија на Bespoke фрижидерот содржи променливи панели што можат да се најдат во повеќе бои и различни материјали, овозможувајќи им на потрошувачите да го прилагодат својот фрижидер со одреден облик и функција. Новиот модел со четири врати, достапен во Северна Америка од оваа пролет, исто така, располага со сосема нов Beverage Center ™, кој обезбедува брз пристап до дозерот за вода и бокалот за вода кој имаат автоматски се полни. Фрижидерот има и двоен ладник за мраз, што прави не само обични коцки мраз, туку и „трошки“, што одговара на различните преференции за ладни пијалоци.

 

  • 110-инчен MICRO LED: овој нов екран содржи само-осветлени неоргански LED диоди со Infinity дизајн на екран со многу тенка рамка, што непречено се меша со животниот простор. Резултатот е спектакуларно искуство во гледање со зачудувачки квалитет на слика. 110-инчен MICRO LED екран има „4Vue“ (четирикратен дисплеј), односно можност за гледање со четири опции – за да можете да гледате повеќе спортови одеднаш или да следите упатства додека играте видео игри.

 

  • Lifestyle телевизори: најсовремената линија на Samsung телевизори ги вклучува моделите The Serif, The Frame, The Sero и The Terrace, како и неодамна лансираните 4K QLED outdoor TV, потоа Samsung The Premiere – 4K ласерски проектор сличен на кино.

 

  • Алатка SmartThings Cooking[2]: новата услуга на Samsung – SmartThings – е дизајнирана да ги направи вашите кулинарски вештини беспрекорни. Автоматскиот планер за оброци од Whisk’s Food AI препорачува оброци цела недела, прави списоци за купување со потребните состојки и користејќи го фрижидерот Famili Hub ™ или преку мобилен телефон испраќа пораки до трговците за прехрамбени производи. Рецептите може да се испраќаат директно до синхронизираните Samsung апарати за готвење за да се намали можноста за грешка.

 

  • Samsung Health Smart Trainer на Samsung телевизорите за 2021: Samsung Health го претвора вашиот дом во лична теретана, а новата опција Smart Trainer ја следи и анализира вашата положба на телото во реално време, исто како личен тренер. За време и по тренингот, Smart Trainer ви дава повратна информација за формата, ви помага да броите повторувања и проценува потрошени калории. Со помош на видеа и интерактивен тренинг обезбеден од гласовниот асистент Bixbi, Samsung Health Smart Trainer го подобрува и персонализира искуството за вежбање дома.