Три четвртини од рибите во Нил имаат микропластика во себе


Три четвртини од рибите во Нил имаат микропластика во себе - МИА

Копенхаген, 1 јуни 2020 () – Дури 75 отсто од рибите кои живеат во Нил, во своите тела имаат микропластика, покажуваат најновите истражувања околу загадувањето во најдолгата река во светот.

Испитувањето го иницираше британската телевизија „Скај њуз“ со помош на египетски и британски научници, а тоа се спроведе во лабораторија во Данска. Сѐ тоа траеше повеќе од два месеца, при што е испитана загаденоста долж целиот тек на реката, надополнето со изјави на земјоделците, политичари, научници, ветеринари…

Фактите говорат дека реката е загадена долж целиот свој тек – од езерото Викторија од каде што истекува, до вливот во Средоземното Море.

Густината на микропластика во рибите и големиот процент зафатени риби е сериозна основа за загриженост околу иднината на водниот живот во Нил. Притоа, пластиката најдена во рибите, поточно делови од неа можеа да се видат и со голо око.

Микропластиката привлекува отровни материи, што значи дека, најверојатно, во телото на тие риби има и пестициди и други загадувачи.


Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција - МИА
Вести

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција

Скопје, 9 јули 2020 () – Гласањето на претстојните избори, и покрај актуелната пандемија на Ковид-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе решат да го остварат своето избирачко право, тврдат надлежните. Ќе се гласа […]

Уште четири дена до крајот на изборната кампања - МИА
Вести

Уште четири дена до крајот на изборната кампања

Скопје, 8 јули 2020 () – Изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е при крај. Партиите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, подигната економија и развој за наредниот […]