„Тредс“ го надмина и рекордот на „Чет-ГПТ“ околу корисниците

zuck
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новата апликација „Тредс“ на Инстаграм надмина сто милиони корисници, што значи дека го надмина и достигнувањето на „Чет-ГПТ“. Имано, ако на „Чет-ГПТ“ му требаа два месеци за да го постигне тој праг, на „Тредс“ којшто беше лансиран во средата, му беа доволни пет дена, соопштија од „Мета“ – компанијата сопственичка на новата платформа.

– Лансирањето отиде далеку од нашите очекувања… А, растот е најмногу „органски“, изјави извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг во петокот.


Кога вели „органски“, Закерберг има предвид дека не се вложени многу пари за промоција на самата апликација.

„Тредс“ сѐ уште е во зародиш и допрва ќе се види дали ќе го достигне „Твитер“.

Иако пред само неколку дена „Твитер“ испрати писмо до Марк Закерберг, каде што се наведува дека има намера да ги заштити своите права околу интелектуалната сопственост, а Илон Маск рече дека „конкуренцијата е в ред, но изневерувањето не е“, сопственикот на „Твитер“ беше „налутен“ од порака на сопствената социјална мрежа. Имено, на обичен предлог – Марк Закерберг да оди во вселената – сопственикот на „Тредс“ одговори со смешковци, па Маск го покани Закерберг на необичен натпревар.

Наводно, двајца од најистакнатите технолошки милијардери во светот – Илон Маск и Марк Закерберг договориле „ултимативната борба“ во „Октагонот“ во Вегас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK