The Serif – Уметноста во вашиот дом


Решивте да промените нешто во вашиот живот? Решивте да го освежите Вашиот дом со ново парче технологија? Телевизорот The Serif е дефинитивно парчето технологија кое не само што ќе го промени изгледот на вашиот дом, ова парче технологија ќе го промени вашиот живот. Едноставно, ќе ве поттикне сѐ околу вас да преуредите според овој телевизор.

Минималистички дизајн кој ќе ве остави без зборови

Со својот уникатен минималистички дизајн телевизорот перфектно ќе се вклопи во секој агол од вашиот дом. Можете да го поставите на подлога или да го вклопите во вашиот мебел.

Со користење на Амбиент модот слободно можете да го прилагодите Вашиот простор. Доколку сакате, можете позадината на телевизорот да ја прилагодите со бојата на вашиод ѕид или едноставно на The Serif можете да ја прикажете вашата омилена слика. Никогаш повеќе нема да имате црна позадина на телевизорот, само вклучете ги дневните информации кои секогаш ќе ви бидат од корист пред напуштање на домот, независно дали сакате да проверите временска прогноза, температура или час.

Останете поврзани

Смартфоните подолг период се нераскинлив дел од нашето секојдневие. Со инсталирање на апликацијата Smart Things на вашиот мобилен ќе уживате од содржините на телефонот на вашиот телевизор, а опцијата Multi View ќе ви овозможи да бидете Multi Task, со едноставно прилагодување телефонот и телевизорот со сите барани поставки ќе можете да ги следете содржините на мобилниот и телевизорот истовремено.

Конективноста на The Serif е збогатена и со NFC протокот на податоци кој ќе ви го олесни префрлањето на содржини од мобилниот на телевизорот. Едноставно е, почна вашата омилена песна? Само допрете го мобилниот, а телевизорот ќе се погрижи за преземање на песната. Ваша обврска е едноставно да се препуштите во уживање на звуците со одличен квалитет.

Кристално чиста звучна уметност за вашите уши

Спомнавме одличен квалитет на звук? Точно! The Serif ја има AVA, активен засилувач на звук кој нема да ви дозволи да испуштите ниту еден важен дијалог од омилениот филм со тоа што ќе ги отстрани сите непотребни шумови и ќе ја прилагоди и јачината на звукот што ќе ви го гарантира уживањето во кристално чиситите звуци.

Милијарда живописни бои пред твоите очи

Апсолутно заслужените пофални зборови не би биле оправдани доколку не сте задоволни од  квалитетот на сликата на екранот. The Serif буквално ќе ве остави со подотворена уста.  Телевизорот ја користи технологијата на Samsung Quantum Dot a, во комбинација со QLED ќе ви овозможи 100 % видливост на боите. На кратко, оваа комбинација на технологии ќе ви овозможи да гледате дополнителни милијарда бои и HDR10+ која ја приспособува осветленоста кадар по кадар за да одговара на моментот и ги прави боите многу поживописни.

Но, тука не е крајот на изненадувањата кои што ги нуди The Serif. Секоја содржина која ќе ја гледате на телевизорот е со квалитет. За ова се грижи AI Upscaling технологијата која ќе го изанализира и  обработи секој детал, секоја боја, секоја текстура сѐ додека содржината не ја доведе до соодветниот квалитет. Ова функционира дури и кога изворот на содржина е со многу послаб квалитет.

Дури и квалитетот на слика не е доволен во моментите кога надворешната светлина ви прави проблеми да уживате во гледањето. Инженерите од Samsung имаат решение и за тоа. The Serif има вградено модул за адаптирање на сликата која ќе се прилагоди на секоја промена на светлината. Отимизацијата на светлоста ќе ви пружи убави моменти поминати пред телевизор.

Домот може да ви биде исполнет со најразлични парчиња кои имаат уметничка вредност и го прават важиот дом попријатно место за живеење. The Serif дефинитивно ќе се вклопи во секој дел од вашиот дом и без сомнение ќе стане највредното парче технолошка уметност со кое ќе сакате да поминете најмногу време.

Р.Т.


141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Вести

Од следната недела најавени нови термини за тестирање, вчера регистрирани 518 заболени од Ковид-19

– Петстотини и осумнаесет нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера во земјава. Раст на новозаболените изминатиот период е забележан во целиот регион, но и во Европа. За првпат на континентот завчера беа евидентирани […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*