Совршено сочувани тела на мечки стари 39.000 години



Совршено сочувани тела на мечки стари 39.000 години - МИА

Новосибирск, 14 септември 2020 () – Археолозиите во Сибир пронајдоа останки на две мечки, за кои се проценува дека живееле пред 39.000 години. Необично е тоа што телата на овие животни се совршено сочувани.

Тие се пронајдени на две различни места, а научниците веруваат дека станува збор за „откритија од светско значење“.

– Ова е прво, и досега единствено откритие од ваков вид – целото тело на мечка, со сите ткива. Сите внатрешни органи се на место, а муцката е скоро недопрена. Сè што досега откривавме беа черепи и коски, рече д-р Лена Григоријева, која учествуваше во експедицијата.

Мечките ќе се проучуваат на Рускиот североисточен федерален универзитет во Јакутск. А, ќе бидат поканети и научници од други земји.

– Треба да извршиме радиојаглеродни анализи за да ја утврдиме точната старост. Засега се смета дека телото на повозрасната мечка е старо меѓу 22.000 и 39.500 години, истакна д-р Маким Чепрасов од Музејот на мамутите во Јакутск.


Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.683.835 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.008.525 пациенти, а оздравеле 24.982.499 луѓе. Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 135 нови […]

Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*