Samsung најавува ново поглавје “Life Unstoppable: the house of surprises”



Преку виртуелниот настан на 12 октомври, компанијата ќе го претстави најновиот екосистем на уреди за Европа


 

– По минатогодишниот успех, Samsung најавува продолжување на настанот “Life Unstoppable: House of suprises”  за 2021 година. Ова виртуелно искуство ни ги открива иновации што ги содржат најмодерните решенија, без оглед на животните навики на корисниците. Исто така, ја истакнува способноста на производите на Samsung да инспирираат радост, имагинација и продуктивност во секојдневниот живот. По овој настан, учесниците ќе сакаат храбро да излезат од удобноста на секојдневието, во живот што поттикнува авантура и креативност, а токму тоа го мисли Samsung кога вели „Life Unstoppable“.

Форматот и концептот на настанот “Life Unstoppable: the house of surprises” дава чувство на индивидуалност и едноставност. Samsung уште еднаш годинава ќе ги покаже можностите и потенцијалот на своите производи. Преку  виртуелна сликовница со наратив за „house of surprises“, ќе се илустрира секојдневниот живот на корисниците и ќе се покаже како Samsung може да придонесе за создавање и оптимизација на нашиот дом. Соодветно на тоа, настанот ќе покаже како со избор на квалитетни и паметни апарати за дома, можеме да создадеме имагинативен и уникатен ентериер.

„Веќе скоро две години, нашите домови се местото каде што се чувствуваме безбедни и заштитени од неизвесноста во која живееме сите. Нашите мобилни телефони и таблети ни овозможија да останеме поврзани со семејството и пријателите, а телевизорите да ги пренасочиме  мислите. Гледајќи кон иднината, многумина од нас не наоѓаат инспирација во својот дом. Затоа Samsung продолжува да воведува неверојатни иновации што нашите корисници ги обожуваат. „Многу сме среќни што ќе претставиме нови уреди за 2021 година што ќе донесат уживање во домовите низ Европа, потврдувајќи дека животот е незапирлив“, рече Бенџамин Браун, маркетинг директор на Samsung за Европа.

Комфор зоната е клучна во непредвидливи времиња, во што се уверивме изминатите година и половина. Сега кога нашите домови се претвораат во хибриден простор, потребен ни е дом што инспирира, се движи и го олеснува секојдневниот живот. На настанот „Life Unstoppable: the house of surprises“, Samsung ќе претстави таков дом, со цел повторно да најде љубов и инспирација во него.

Настанот  “Life Unstoppable: the house of surprises” ќе биде отворен за медиумите, на 12 октомври во 11:00 часот, додека за јавноста ќе биде достапен од 18 октомври во 11:00 часот на www.samsung.com. #LifeUnstoppable