Samsung „Life Unstoppable“ – прва виртуелна интерактивна конференција



Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd најави одржување на првата интерактивна, виртуелна конференција под името Life Unstoppable“, кога ќе бидат претставени последните иновации на полето на паметни телефони, носечки уреди, телевизори, аудио опрема и апарати за домаќинство.

За сите присутни, компанијата ќе демонстрира како иновациите на Samsung го ставаат во фокус корисникот и неговите потреби, нудејќи му многубројни можности за непречено и неограничено вмрежување. Демонстратори и специјални гости во текот на 45 минутна тура ќе прикажат на кој начин новите уреди нудат автентични решенија на полето на домашните забави, вмрежениот гејминг, но и креативноста на работа, како и во текот на слободното време.

Овој интерактивен настан ќе овозможи сите заинтересирани да ги истражат и да се запознаат со новите производи од удобноста на својот дом, како што се мобилните телефони, телевизорите и апаратите за домаќинство.

„Возбудени сме заради трансформирањето на начинот на кој оваа година ќе ги претставиме новите производи. Дигиталната конференција е само еден од начините на кој Samsung ги прилагодува своите работни активности во новите околности и глобалните промени што ни се случија. Со тоа, продолжуваме да развиваме и автентични иновации за корисниците и општеството, па затоа во септември ќе покажеме како нашата вмрежена, иновативна технологија носи живот без ограничување“, изјави Benjamin Braun, директор на одделот за маркетинг во компанијата Samsung Europe.

Првата виртуелна интерактивна конференција „Life Unstoppable“ ќе се одржи на 2. септември од 10 часот наутро и ќе биде отворена за медиумите и партнерите.


Вести

Нови 88 случаи на Ковид-19 од 1618 тестирања, петмина починати и 135 оздравени

-Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, […]

Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправда, реваншизам и насилствод, - МИА
Вести

Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправда, реваншизам и насилствод,

Скопје, 22 септември 2020 () – Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за утревечер најави нов протест во Скопје преку кој, како што наведе во објава на Фејсбук, ги повикува граѓаните да протестираат против неправда […]

ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа во Собранието за откупната цена на грозјето - МИА
Вести

ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа во Собранието за откупната цена на грозјето

Скопје, 22 септември 2020 () – Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието ќе поднесе барање за надзорна расправа за откупот и откупната цена на грозјето, со цел, како што […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*