Samsung Galaxy Note10 Lite: Премиум “лајт” искуство и продуктивност во движење!

lite_opserver_001-678x381
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Го добивме на тестирање новиот Samsung Galaxy Note10 Lite. Без разлика што е најлесна и најлајт верзија од трите Note10 модели, првичниот излед на Lite верзија е одличен и ветува навистина многу. Телефонот има одличен ергономски облик и одлично се прилагодува на дланката и покрај големината. Има елегантно заоблени агли и метална рамка која ги разделува дисплејот од задниот поклопец.







Копчињата за регулација на звукот и копчето за пристап до менито се добро позиционирани што дава можност успешно да извршувате основни функции како бирање повик или регулација со една рака и покрај големината.

При анализа на надворешноста мораме да напоменеме дека телефонот ги содржи стандардните слотови за картичка и има можост да се интегрираат две сим картички и SD Card. Одличен впечаток оставаат предната интегрирана камера, сензорот за отпечаток како и воодушевувачките задни три камери.

Минималистичкиот дизајн остaва впечаток на добар бизнис телефон, но во комбинација со интегрираните камери имавме чувство дека истиот ќе покаже добри резултати кога се во прашање и фотографиите.

Како првичен заклучок од надворешноста на телефонот ова е дефинитивно добар избор за совршен “лајт” телефон за бизнис и забава, а сепак со премиум квалитет и можности.

По вклучувањето на уредот ова уникатно Note искуство нè убеди дека иако е презентиран како Lite варијанта, сепак не е воопшто помалку вреден од стандардните Note модели.

Овој смартфон работи на оперативен систем Android 10 и располага со 6.7 инчен Full HD+ Super AMOLED Infinity-O екран со edge-to-edge “feeling”, а самиот екран со тенкиот дисплеј-панел може да се пофали со флексибилната OLED технологија. Има 2400х1080px резолуција со HDR сертификат, а овој модел може да се најде во две верзии со 6GB и 8GB RAM меморија.

Просторот од 128GB внатрешна меморија и можноста на надградување со надворешна меморија преку Micro SD слотот до дури 1TB, како и брзиот OCTACORE процесор (Quad 2.7GHz + Quad 1.7 Ghz) ќе ви овозможат беспрекорна работа во текот на работниот ден.

Го тестиравме пенкалото кое многу ќе ви послужи за справување на секојдневните предизвици, како фаќање брзи забелешки, скици кои се неопходни во ова динамично време, а воедно ќе ви ја олесни и навигацијата на самиот телефон кој скоро и да не го чувствувате на дланката. Пенкалото има одлична брзина на отпечаток на екранот и ви подарува екстра продуктивност, додека ги скицирате вашите најнови идеи или ги прегледувате најновите содржини со уникатниот S Pen побрзо и полесно и тоа додека сте во движење.

Воглавно, Samsung Note10 Lite едноставно може да се нарече џебна канцеларија која е практична, модерна и лесна за користење, а исто така нема да ве изневери и во процесот на исполнување на секојдневните активности со заштедување на време.

Samsung Note10 Lite има три камери на задниот дел – 12MP (F2.4 OIS) Telephoto камера, 12MP (F2.2) ултра-широка камера и 12MP Dual Pixel Af F1.7 OIS широко-аголната  камера со супер фиксиран фокус со кои ќе можете да направите прекрасни фотографии додека уживате во вашето опкружување, а доколку сакате да го извадите максимумот од овој Note уред, активирајте ја предната камера со дури 32MP (F2.2) и направете го најдоброто селфи и тоа со “лајт” уред кој е многу помоќен од Lite придавката која му е доделена.

Одличните можности на оваа селфи камера ќе ве натера да експериментирате постојано со вашите селфи фотографии во истиот момент кога ќе го земете ова модерно парче во рака.

Љубителите на фотографија дефинитивно ќе бидат фасцинирани од квалитетот на фотографиите и моќниот зум кој го поседува овој смартфон, кој тежи неполни 200 гр.

Доколку сте навистина љубител на добри фотографии и видеа, овие моќни камери на Samsung Note10 Lite со сигурност ќе ве остават без зборови како што нѐ оставија и нас.

Направивме мал тест на моќноста на задните камери на ткаенина. Со квалитетот на фотографијата и зумот кој го има телефонот, Note10 Lite покажа одлични перформанси доловувајќи ги со одличен и задоволителен квалитет и кај најситните детали на фотографираното парче ткаенина, а дури и боите се доловени во ултра-реалистични нијанси. На кого му е потребен фото-апарат, кога може да го има во џеб овој лесен, корисен, модерен и продуктивен смартфон?

И нормално како за крај сè од погоре кажаното не би било вредно доколку телефонот има батерија со мал капацитет. Samsung Note10 Lite има вградена 4500 mAh батерија која се полни брзо со Super-Fast полначот со моќност од 25W.

Ја тестиравме батеријата со активна работа и различни апликации кои се големи конзументи на енергија и не се дел од секојдневната работа, и задоволително батеријата издржа еден ден.

Доколку телефонот се користи во нормален мод на работа на различни апликации за канцелариска работа, како и апликации за социјални мрежи, батеријата би издржала ден и половина.

Добра страна е брзото полнење на истата која за неполн час ја полни целосно батеријата од 0% до 100%.

Ние сме фасцинирани од изгледот и перформансите на телефонот и го препорачуваме на секој кој во текот на работниот ден сака да ја има својата канцеларија во џеб, а во слободното време да ужива во добри видеа, фотографии и споделување на различни креативни содржини на социјалните мрежи. Доколку размислувате да набавите нов телефон, а се двоумите кој телефон да го купите, Samsung Note10Lite ја оправдува својата цена и топло го препорачуваме.

Р.Т.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK