Samsung Galaxy A52s 5G jа заокружува A приказната!



5G мрежа и подобрени перформанси за неверојатно искуство по никогаш подостапна цена


 

Samsung Electronics неодамна го претстави најновиот телефон Samsung Galaxy A52s 5G. Станува збор за модел кој всушност е надградба на телефонот Galaxy А52, познат по рекордната продажба и бројните позитивни реакции. Со новата верзија на овој модел доаѓаат значителни подобрувања на клучните карактеристики – 5G мрежа, поголема меморија, поквалитетна камера, побрзо полнење, а се издвојува и по многу прифатлива цена. Препорачаната малопродажна цена е 21.999 денари, и е достапен во црна и бела боја.

Доброто да биде уште подобро

Развојот и подобрувањето на паметните телефони секогаш се раководени од барањата за подобро корисничко искуство, врвни перформанси, подобра технологија за производство и употреба на иновативни материјали, совршен дизајн и достапност. Новата верзија на Samsung Galaxy A52s 5G од А серијата уреди со одличен дизајн, првокласна камера, напредна технологија, бројни опции за забава и уживање во вашата омилена содржина, е уникатен одговор на овие барања.

Брзина и леснотија на работа со 5G мрежа и врвни перформанси

Новиот Samsung Galaxy A52s 5G е идеална комбинација на издржливост и моќна технологија бидејќи е украсен со Super AMOLED екран со FHD + резолуција, чии 800 нита гарантираат јасен приказ. Затоа, дури и при силна дневна светлина, содржината на екранот ќе се прикажува беспрекорно, додека технологијата Eye Comfort Shield2 го намалува нивото на сина светлина. Покрај тоа, тој е оценет со IP67 стандардот за отпорност на вода и прашина, што значи дека е отпорен на потопување во вода до длабочина до 1 метар 30 минути.

Мобилната мрежа 5G, која ја поддржува овој телефон, поради големата моќност и брзина, целосно ќе го промени начинот на кој корисниците ја доживуваат содржината. Благодарение на тоа, корисниците можат да споделуваат и преземаат со неверојатна брзина, но и да ја стримуваат саканата содржина без прекин.

5 камери за совршена јасност

Познато е дека паметните телефони толку ги подобрија своите камери со експлозивниот развој на технологијата што може да се споредат со професионалните фотоапарати. Samsung Galaxy A52s 5G, има дури пет камери со кои можете да заборавите на заматени слики и видеа бидејќи содржи оптичка стабилизација на сликата. Главната камера од 64 MP гарантира остри и јасни фотографии во текот на денот. Ултра-широката камера од 12 MP дозволува светот да се гледа слично како што гледа човечкото око, додека фокусот може да се прилагоди со камерата со длабочина од 5 MP или да се приближи до најмалите детали со макро камерата.Љубителите на селфи фотографиите ќе бидат маѓепсани од предната камера од 32 MP која прави јасни фотографии во висока резолуција во секое време од денот. Покрај тоа, камерата за паметни телефони Samsung Galaxy A52s 5G носи голем број софтверски подобрувања за квалитетни фотографии како што се режимот „Single Take“, „Night Mode“ за снимање во темнина и „Fun Mode“ доколку корисниците сакаат да се забавуваат со нивните фотографии.

 

Комбинација на забавно и корисно

Покрај стандардните активности како што се повици и пораки, паметниот телефон најчесто се користи како главна алатка за релаксација и забава. Корисниците на Samsung Galaxy A52s 5G ќе доживеат сосема нов свет на забава, игри и релаксација. Широкиот 6,5-инчен Infinity-O екран и неверојатната брзина на освежување од 120 Hz ќе овозможат непречено користење, додека батеријата од 4500 mAh ќе го продолжи времето за непречено играње игри или гледање омилена серија. Исто така, за сите мултитаскинг потреби, корисникот ќе биде воодушевен од осум-јадрен процесор опремен со побрза централна (CPU) и графичка (GPU) под-единица, а исто така има и 25W Superfast полнење за екстремно брзо враќање на целата моќност. Galaxy A52s 5G, има вградени стерео звучници со поддршка Dolby Atmos® кои обезбедуваат звук со висока јасност, длабочина и движење низ просторот, без оглед на содржината што ја гледате или слушате.

За повеќе информации за Galaxy A52s, посетете ја страната: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a/galaxy-a52s-5g/buy/