Најави ја новата 2021 година со подарок: Неодоливиот Huawei P Smart 2021 за најблиските

Huawei-P-Smart-2021-1-678x381
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новогодишните и Божиќните празници се период кога сме опкружени со љубов од целото семејство и многу, многу подароци. Кој може да одолее на насмевките на најблиските во моментот кога им подарувате нешто кое што ќе ги направи среќни, а истовремено ќе ве поврзе во сите моменти, дури и кога сте оддалечени со километри едни од други?







Ние го добивме Huawei P Smart 2021 на тестирање и топло ви го препорачуваме за совршен подарок во новата 2021 година. Најавете ја 2021 со уред кој ќе ги собере сите моменти на радост и среќа во неа.

Huawei P Smart 2021 е неодолив мобилен телефон со дизајн кој ветува љубов на прв поглед, или љубов на прв допир во вашите раце. Удобноста на уредот во рацете ја овозможуваат закривените рабови, рафинираната изработка и екстремно извонредната облога и верувајте, при држење на уредот, многу е мала веројатноста да ви се лизне од рацете.

Отпечатокот за прст е поставен од страната, веднаш под копчињата за менаџирање на звук, што придонесува лесно отклучување на телефонот и загарантирана безбедност доколку некој би сакал да пристапи кон негово отклучување. Со допирање на делот за отпечаток за прст, за момент пред вас се отклучува уредот и се отвара големиот видик од пространиот екран.

Пред вас ќе имате голем екран кој што овозможува широка прегледност на содржината на телефонот, без разлика дали се тоа фотографии, текст, или пак  последните статуси и твитови на социјалните мрежи. Тоа се должи на дизајнот на уредот кој има  одличен сооднос од 90.3% екран со тело и 6.67″ FHD+ дисплеј за огромен прегед на сите живописни детали од екранот.  При тестирањето пријатно бевме изненадени од тоа дека овој уред нуди паметен screenshot со едноставен двоклик со зглобот од прстот, а особено е олеснителен делот каде што може да се нацрта затворен простор на дел од содржината и истиот да биде снимен, без потреба од едитирање на screenshot-от.

Овој модел на телефон од Huawei е конструиран за остро око кое истражува и забележува детали. Со Quad Al камерите ништо нема да биде скриено на вашите фотографии, почнувајќи од микро фотографиите до големите пејсажи кои одлично се доловуваат со овие камери. На задниот дел на телефонот во вертикална линија се распоредени четирите камери, 2 MP Macro Camera f/2.4, 2 MP Depth Camera f/2.4, 48 MP High-Res Camera f/1.8 и 8 MP Ultra-Wide Angle Camera f/2.4. Одличен тим на камери за беспрекорни фотографии. Моментот со камерите на Huawei P Smart 2021 се доловува во сите живописни детали и се чува засекогаш, баш околку колку што ни е драг.

Доколку сте љубители на ноќна фотографија, тогаш Huawei P Smart 2021 е уред за ваш вкус. Имено, супериорниот сензор HUAWEI SuperSpectrum работи заедно со интелигентни алгоритми за AI, давајќи шанса за истражување на убавината на моментот дури и ако светлината е слаба. Ноќните фотографии можеби ќе ви станат пасија за откривање на друга страна од вашиот карактер и вовед во ново хоби.

Опфаќањето на сите детали не е проблем, а не е ниту тежок предизвик фотографирањето на големата слика. Со ултра-широкиот агол на објективот од 120° се опфаќа целата околина прикажана на екранот на уредот. Забавно, зар не?

И не грижете се за меморијата. Huawei P Smart 2021 има RAM меморијата од 4 GB, што овозможува ефикасно да се работи со повеќе апликации истовремено и многу е важно што префрлањето меѓу нив е многу течно, без застој и вообичаените кочења како кај некои уреди. Со ROM-от од 128 GB овој телефон на 2021 година дава шанса на сите гејмери да се впуштат во нови авантури и да играат игри без потреба да се грижат за меморијата. Снимајте видеа, фотографирајте, собирајте музика, овој уред ја дава целосната слобода и безгрижност кога станува збор за меморијата.

Кога сме кај музиката, нѐ одушеви звукот кој што го продуцира овој уред. Јасен и доволно гласен за потполно уживање во омилените песни и омилените филмови кои можете да ги гледате на големиот екран на Huawei P Smart 2021.

Уште еден одличен сегмент кај овој уред е што со 10 минутно полнење, можете да уживате во омилените содржини цели 2 часа благодарејќи на опременоста со 22.5 W HUAWEI SuperCharge и големата и моќна батерија од 5000 mAh.

Навистина, ние со Huawei P Smart 2021 имавме љубов на прв поглед! Освоени сме од неговите перформанси, големината на екранот, а уживавме и во прегледот на социјалните мрежи без да пропуштиме ништо од темите на денот. Со пристапна цена, овој уред е совршен подарок, ако не за најблиските, тогаш можеби токму за вас. Зошто да не се израдувате сами себе во Новата Година?

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK