Повик до дигиталните уметници: Искористете ја приликата вашата работа да биде видена ширум светот!


Скопје, 31 јануари 2020 година – Дигиталните уметници низ светот ги израдува веста за новиот отворен конкурс за промоција на модерните творби во необична соработка на компанијата Samsung Electronics и премиум платформата Niio. Конкурсот насловен како Samsung The Wall x Niio Art Awards има за цел да ги открие најинспиративните дигитални уметнички дела, како на неафирмираните, така и на веќе признатите уметници. Покрај приликата нивната работа да биде претставена на вкупно десет изложбени локации насекаде низ светот, вклучувајќи ги Јужна Кореја, Сингапур, Велика Британија и Соединетите Американски Држави и тоа на најновиот Samsung телевизор The Wall, тие меѓусебно ќе се натпреваруваат и за парична награда во износ до 15.000 долари.

Од неодамна достапен на пазарите ширум светот, The Wall телевизорот е најнов пример на иновативната 4K MicroLED технологија, која што има моќ да се прилагоди на било која големина и резолуција на екранот, разубавувајќи го изгледот во секој простор. Меѓутоа, овој пат оној кој што ќе биде разубавен е The Wall и тоа со најдобрите дела од овој конкурс. За победниците ќе одлучува жири составен од светски признати експерти за дигитална уметност, а критериумите кои ќе водат до победа ќе бидат креативноста и оригиналноста по прашање на концептот и деталите.

„Соработката на нашата компанија со Niio Art платформата и нејзината глобална заедница на создавачи, им оддава почит на оние кои што поседуваат талент за дигитална уметност, нудејќи им простор каде што нивниот талент ќе биде видлив и достапен за сите. Овој конкурс исто така ќе одигра значајна улога во претставувањето на новата ера на конзумирање на уметност, која што оживува на екранот на The Wall телевизорот“, рече Hyesung Ha, потпретседателка на сегментот Visual Display Business во компанијата Samsung Electronics.

Niio е најголемиот каталог на подвижни слики во светот, кој што секојдневно ги инспирира љубителите на визуелната уметност, давајќи им прилика да уживаат во неа на уредите во своите домови. Благодарејќи на напредната технологија, оваа премиум платформа опфаќа повеќе од 4.000 уметници, галерии и партнери од повеќе од над 70 земји во светот, кои што на едно место можат да ја складираат и да ја објавуваат својата уметност, како и да позајмуваат или пак да купуваат туѓа.

„Во светот во кој што сме меѓусебно поврзани, креативните луѓе сè повеќе ги користат дигиталните алатки за да ни ја раскажат нивната приказна. Поради истото навистина ни е многу драго што остваривме соработка со Samsung и што им се пружи прилика на современите уметници да ги изложат своите дела на ваков посебен уред, кој што е самиот по себе уметничко дело“, рече Rob Anders, генерален директор на платформата Niio.

Сите кои што се заинтересирани за конкурсот можат да ја посетат веб страницата https://www.niio.com/get/the-wall-open-call/, каде што можат да ги постават своите дела, да ги најдат потребните информации за пријава, условите на конкурсот, роковите и наградите.

За повеќе информации за телевизорот The Wall, посетете ја веб страницата https://displaysolutions.samsung.com/led-signage/the-wall.

 

#####

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологии Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на телевизиските апарати, мобилните уреди, таблетите и дигиталните куќни апарати, мрежните и LSI системите, меморијата и LED технологијата. За повеќе информации и вести, посетете ја веб страницата news.samsung.com.

За платформата Niio

Niio секојдневно го менува човековиот однос со уметноста. Благодарејќи на напредната технолошка платформа, Niio ја собра на едно место глобалната заедница на водечките уметници, галерии и институции, кои што можат да ја складираат и да ја објавуваат својата уметност во најголемиот каталог на подвижни слики во светот. Овозможувајќи неограничен пристап на дигиталната уметност од било кој уред и од било каде, Niio отвори потполно нов начин на конзумирање на медиумските содржини.


Вести

ИЈЗ: За 1,8 отсто зголемен бројот на заразени од Ковид-19, за 18,6 отсто зголемен бројот на починати

– Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 ноември тестирани се вкупно 19.664 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од […]

Вести

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

  Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60 години, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 […]

Вести

Државна матура од 29 мај до 14 јуни, информатика и географија првпат во листата на изборни предмети

– Трите екстерни испити од државната матура од учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни. Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со […]