Потполно нов и поинаков Windows пристигнува кон крајот на овој месец


Мајкрософт најави дека ќе претстави нова верзија на Windows кон крајот на месецот. Официјалната презентација ќе биде организирана на 24 јуни, а најавата за настанот следеше по веста за прекинот на развојот на Windows 10X, верзијата на оперативниот систем првично наменета за уреди со двоен екран.


 

Ова подоцна се намали, па фокусот се префрли на уреди со еден екран, со цел да им конкурира на уредите со оперативен систем Chrome. На крајот, и таа опција беше одбиена, па Microsoft инсталираше некои од елементите развиени за 10X функции во новиот ОС, пишува Engadget.

 

Кога беше лансиран, Windows 10 беше поставен како комбинација од најдобрите карактеристики на Виндоус 7 и 8, пренесува PC Press. На корисниците им донесе „чиста“ работна површина со поддршка за екраните на допир, а потоа менито Start му беше вратено.

Како најголема промена, Windows 10 донесе можност за бесплатна инсталација и употреба во првата година, што дополнително ги охрабри корисниците да преминат од претходните верзии во „десет“.

Останаа само уште три недели до презентацијата на комплетно новата верзија на најпопуларниот десктоп оперативен систем во светот, кога ќе откриеме дали овојпат ќе се повтори истото.