Одбележете ги последните денови од септември со домашна забава што ќе се прераскажува


Летото замина, а на многумина од нас ни се чини дека набрзина ни се „лизна“, поради недостатокот од патувања и долгите летни излети до доцна во ноќта. Ги заменивме плажите со сончање на тераса, фестивалите и концертите со Нетфликс и приватните седенки со пријателите, што не значи дека овој тип на дружење е помалку забавен. Вие треба само креативно да го организирате вашето време и да го обезбедите вистинскиот амбиент, па во продолжение ви предлагаме неколку идеи како да го направите вашиот дом ново хит место во градот:

Само ваша оаза

Тргнувајќи од претпоставките дека имате тераса, дури и да е сосема мала, сега е вистинското време да ја доведете во ред – ослободете се од сите непотребни работи кои ги складирате таму со години, темелно исчистете го просторот и подгответе се за декорација. Покрај местото за седење и столовите, збогатете го просторот со интересни перничиња и простирки, како и со соодветно осветлување. Понудата за оваа година е и повеќе од богата – од плетени и стаклени фенери, преку соларни ламби, па сѐ со неизбежните миризливи свеќи (кои се одлични и во борбата против комарците). Приказната заокружете ја со саксиско цвеќе или со вазни со суви цвеќиња и вашите гости ќе се чувствуваат баш како да се во градината од некое кафуле.

Забава од вистинскиот агол

Иако понекогаш е убаво да се испружиме после напорниот ден и сами, во мир, да ја изгледаме најновата епизода од нашата омилена серија, гледањето филмови, натпреварите и играњето игри се активностите во кои што најмногу уживаме кога сме во друштво. Благодарение на првиот ротирачки екран во светот, кој се ротира хоризонтално или вертикално, во зависност од содржината што ја прикажува, новиот телевизор на Samsung, The Sero дефинитивно ќе биде вистинска атракција меѓу вашите пријатели. Овој необичен уред секогаш го обезбедува вистинскиот агол на гледање, додека најсовремената Quantum Dot технологија ја прави секоја содржина неверојатно реална, со 100% опсег на бои, без оглед на степенот на осветленост на светли и темни сцени. Во моменти кога ќе почне важна тема и не сакате телевизорот да ви го одвлекува вниманието, едноставно изберете еден од петте режими што создаваат совршена атмосфера во просторијата – стилизиран дигитален часовник, прикажување на различни уметнички фотографии, слики и цртежи, а и визуелни анимации кои го следат ритамот на музиката. На крајот, постои и sinemagraf опцијата која што во совршена резолуција на екранот ја прикажува содржината слична на анимацијата Desktop Screen Saver на компјутерите.

 

Do It Yourself креативни идеи за седење

А, кога ќе биде потребно да се направи место плус, или ненадејно ќе сврати малку поголемо друштво кај вас, размислете и за едноставни, креативни решенија за седење. Големите перници се секогаш добра опција, како и повторно актуелните дрвени палети од кои за малку пари можете да направите скоро сѐ од мебел – гарнитура, стол, па дури и кревет. Доколку имате волја и време, пробајте да направите модерна табуретка од стара автомобилска гума која што ќе ја намотате со коноп, текстил или стар прекривач.

Попушти, нека се слушне

Вечерта со пријателите не може да помине без музика, а Samsung The Sero телевизорот е неприкосновено дополнување на мобилниот телефон или лаптопот. Доволен е само еден допир на екранот и содржината од телефонот ќе се „преслика“ на екранот на овој телевизор, за да можат сите во просторијата да видат и да ја одберат вистинската YouTube плејлиста. Благодарејќи  на скоро невидливите звучници кои се вертикално поставени засилени со Dolby Digital Plus технологијата, The Sero емитува кристално чист звук со јак бас, за идеална караоке вечер. Доколку изненадно посакате сите заедно да го гледате најновиот видео спот за кој што сите зборуваат, екранот ќе се ротира во хоризонтална позиција, за комплетно ново искуство.

Протресен или промешан?

За крај, единствената работа која недостига за совршена ноќ дома е чаша освежувачки, домашен коктел. Без оглед на тоа дали ќе одберете алкохолна или безалкохолна варијанта, не би било лошо да ја набавите основната опрема, како што е шејкер, долги лажички за мешање или цедалки – верувајте ни на зборот, ќе се исплати. Сега ви фалат само вистинските чаши, малку декорација и забавата може да започне.


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*