Нурнете во светот на бесконичени опции со Galaxy екосистемот – комплетно искуство за совршено лето!

Со Galaxy Z Fold4, Watch5 и Galaxy Buds2 Pro нурнете во светот на иднината, безгрижноста и функционалноста

Сте се запрашале ли некогаш како изгледа безгрижноста? Песочни плажи, бескрајни зајдисонца и солениот вкус на морето. Сето тоа надополнето со совршена плејлиста и беспрекорно организиран баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот. Навидум звучи како бајка, но што ако ви кажеме дека Samsung, е тука бајките да ги претвори во реалност? Што велите за една безобразно добра комбинација на часовник кој будно ќе го мери не само секој совршен момент од вашиот живот, туку и активно ќе ја следи вашата физичка активност и здравствена состојба, генијален телефон кој со својата револуционерност ќе ви го олесни секојдневието на секој можен начин и слушалка која е дизајнирана да одговара на секој момент со звук создаден само за вашите уши? Чувството е прекрасно кога знаете дека има кој да се грижи за вас.

Создаден за ултра модерни, софистицирани и личности со префинет вкус, генијалниот Galaxy Z Fold4 ги надминува очекувањата дури и на оние со најлуда и несекојдневно креативна  фантазија. При самото вклучување на Fold4 ќе бидете сигурни дека го имате телефонот на иднината. Благодарение на Flex режимот, Galaxy Z Fold4 ја покажува својата моќност со уникатната способност да стои исправено. Овој симетричен и балансиран дизајн се отвора за да можете лесно да навлезете во следната ера на паметните телефони. Galaxy Z Fold4 прави феноменални фотографии и видео снимки со унапредениот широк објектив од 50MP и 30х SpaceZoom  објектив.

Разните режими на работа на камерата, вклучувајќи поголема мапа на зумирање активирана во режимот Capture View, двоен преглед и до селфи и од задната камера се посебно направена со цел да се искористи единствениот хардверски дизајн за поголема флексибилност на користење на камерата.

Исто така, со поголемиот број на пиксели, 23% појакиот сензор  и унапредената моќ на преработка, корисниците можат да прават јасни слики дури и ноќе. Содржината е сeопфатна и поизразита на 7,6-инчниот главен екран  со поголемо ниво на светлост, поприлагодлива стапка на освежување од 120Hz  и помалку видлива камера под дисплејот (UDC) која се одликува со нов пораспрскан распоред на подпиксели.

Овој AMOLED Infinity Flex екран нема дупка за камерата, za комплетно обземувачко искуство на целосен екран. Мултитаскингот со Galaxy Z Fold4 е полесен од било кога, така што корисниците можат да работат повеќе дури и кога се во движење. Новиот таскбар  прикажува распоред сличен на оној на компјутерите и нуди пристап до вашите омилени и неодамна користени апликации

 Мултитаскинг искуството е комплетирано со S Pen пенкалото , кое овозможува цртање во движење и фаќање белешки со поедноставено складирање во стоечки поклопец со футрола за пенкало. Прецизност за која твоите прсти може само да сонуваат кога го допираат пенкалото до стаклото.

Тука е и Flex режимот со кој може и да гледате, да правите видеоповици и многу повеќе без да ги користите рацете. Совршено за мултитаскинг.  Го дели екранот на два дела, овозможувајќи ви да работите попаметно — на пример, на  горната половина да може да бидете на повик, а на долната да пишувате белешки.

Вистинската магија се случува кога генијалниот Galaxy Z Fold4 ќе го поврзете со Galaxy Buds2 Pro слушалката –  Целосен звук што ќе го придвижи секој атом од вашето тело – Аудио експертите на компанијата AKG ги прилагодиле слушалките Galaxy Buds2 Pro да емитуваат неверојатно богат и жив звук со висока дефиниција – дури и кога не сте навистина на концерт, чувството е како да сте во прв ред!

Сакате да се исклучите од бучавата на опкружувањето, но сепак да не пропуштите ниту еден детаљ? Слушалките Galaxy Buds2 Pro ви овозможуваат брзо да се фокусирате на опкружувањето, а притоа да не мора дури ни да ги извадите. Вежбање после работа? Џогинг на плажа на изгрејсонце или ролери на Кеј? Слушалките Galaxy Buds2 Pro со иновативен дизајн ергономски се прилагодени на увото и се изработени од неверојатно напреден и лесен материјал прилагоден за носење 24 часа дневно, 7 дена во неделата.

Благодарение на револуционерниот тенок дизајн, повеќе нема потреба да се грижите дали ќе ви испаднат од уво во текот на омилените активности.

И кога веќе го споменавме вежбањето, Samsung е тука за дополнителна поддршка и мотивација – врвните карактеристики на уредот што ги мери чекоритe, отчукувањата на срцето, па дури и нивото на стрес се наоѓаат во гаџетите кои се дел од екосистемот на Samsung, а една од нив, која може да биде ваш асистент за вежбање, се разбира е најдбориот Samsung Galaxy Watch5.

Дизајниран за секојдневни победи, Galaxy Watch5 нуди сеопфатно искуство од што ги надминува фитнес активностите и вклучува процеси после тренинг, одмор и закрепнување. Алатката за мерење на составот на телото  обезбедува целосна слика на целокупното здравје на корисникот, давајќи му приспособен пристап за поставување цели, водејќи ги преку персонализирани вежби и следење на напредокот.

И кога е време за одмор, Galaxy Watch5 им обезбедува на корисниците податоци за обновување, вклучително и отчукувањата на срцето по интензивно вежбање  и приспособени препораки за потрошувачка на вода врз основа на губење пот .

Добриот ноќен одмор е важен за благосостојбата и затоа им помагаме на корисниците да имаат подобар сон . Проучувајте ги шемите на спиење со оценки за спиење што ги следат фазите на спиење, заедно со откривање на ‘рчењето  и нивото на кислород во крвта.

Постигнете подобрени навики за спиење со напредниот Sleep Coaching  кој обезбедува приспособена месечна програма со водич.

Преку интеграцијата на SmartThings, Galaxy Watch5 автоматски ги поставува поврзаните светла, единиците за наизменична струја и телевизорите на претходно одредени поставки што создаваат идеална средина за спиење .

Корисниците можат да спијат сигурно и здраво знаејќи дека подобрената детекција за пад гарантира дека контактот за итни случаи ќе биде известен доколку вие или некој близок се сопне дома или доколку паднете од креветот .Подготвени за најдоброто лето до сега? Со Samsung соништата стануваат реалност!

Нарачајте пред сите!

Искористете го попустот во промотивниот период кој трае до 25.08.2022 во кој добивате 12.000 денари попуст за Galaxy Z Fold4 . Со оваа промоцја добивата можност и за откупување на стариот телефон. Исто така, корисниците остваруваат право на осигурување на екранот (осигурување за внатрешниот екран на уредот кое покрива една штета настаната во рок од една година од купувањето на уредот со учество во штетата).

Доколку во периодот до 25.8. купите Galaxy Watch5 или Galaxy Watch5 Pro, добивате Galaxy Buds Live како подарок во вредност од 10 .999 денари.

Со купување на Galaxy Buds2 Pro во промотивниот период до 25.08.2022 ќе добиете на поклон безжичен полнач EP-P2400BBEGEU во вредност од 2.499 денари.

За повеќе информации посетете ја официјалната страница на Samsung:

Galaxy Z Fold 4 https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-z-fold4-z-flip4

Galaxy Watch5 https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-watch5

Galaxy Buds2 Pro https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-buds2pro

Facebook
Twitter
LinkedIn