Новите софтверски ажурирања за сериите Galaxy Buds2 Pro и Galaxy Watch го подобруваат искуството на Galaxy камерата

Скопје, 12. јануари 2023 – Денес, Samsung Electronics Co., Ltd. воведе нови верзии на софтвер за слушалките Galaxy Buds2 Pro и серијата Galaxy Watch кои го подобруваат искуството со содржина за корисниците на Galaxy уредите каде и да се. Паметните телефони Samsung Galaxy одамна го нудат најдоброто искуство со фотографии и видео, овозможувајќи им на корисниците да создаваат, снимаат и да ги споделуваат нивните најдобри моменти. Сега, кога е поврзана со најновите „wearables“ уреди, моќната Galaxy камера е подобрена со уникатна функција за снимање аудио од 360° која додава извонреден звук во видео содржините, како и подобрена контрола на камерата што го олеснува зумирањето од далечина. Овие софтверски ажурирања ја покажуваат неуморната посветеност на Samsung за обезбедување на најсовремени искуства за постоечките уреди.

 

Аудио снимање 360: снимете го светот како што го слушате

Новата функција за снимање – аудио 360[1] им овозможува на корисниците да го снимаат звукот на видео снимката толку прецизно колку што го слушаат. Со поврзување на слушалките Galaxy Buds2 Pro со паметниот телефон Galaxy, секој може да снима како професионалец и да создава висококвалитетни, реални аудио и видео содржини без потреба од огромна професионална опрема, во секое време и каде било. Оваа функција го регистрира звукот во опсег од 360 степени користејќи го микрофонот во секоја слушалка, ставајќи ги гледачите среде фестивалска толпа или до жубор на поток среде шума. Корисниците можат да ги стават поврзаните слушалки и да гледаат видео на нивниот уред или канал на социјалните медиуми со јасни и извонредни звуци за искуство како да се на лице место.

Аудио снимањето 360 е првата функција во линијата Galaxy што користи LE Audio, новиот напреден Bluetooth аудио стандард. Оваа нова технологија носи подобар квалитет на звукот и подобрена латентност и траење на батеријата. Покрај музиката со подобар звук, LE Audio го проширува и опсегот на аудио искуства за да уживате во покомплексен и богат звук што може да се сподели со другите. LE Audio сега носи снимање на двете слушалки Galaxy Buds2 Pro – истовремено со користење на левиот и десниот микрофон. Со спојување на слушалките Buds2 Pro со моделот Galaxy Z Flip4 или Z Fold4, корисниците можат да уживаат во висококвалитетен стерео звук, како и во висококвалитетно видео.

Контрола на камерата: Прилагодете ја совршената снимка од вашиот зглоб

Суштината на правењето фотографии и видеа со паметните телефони Galaxy е да се одржува креативна контрола во секое време. Еден пример е апликацијата Camera Controller за Galaxy Watch, која им овозможува на корисниците да ја контролираат камерата на својот телефон директно од зглобот. Новата верзија – наскоро достапна за сериите Galaxy Watch5 и Watch4 – ги подобрува можностите за зумирање преку контрола на камерата[2], што дополнително го збогатува искуството за користење на Galaxy камерата со поврзување со паметен телефон Galaxy и Galaxy Watch. Корисниците сега можат далечински да го контролираат зумирањето на камерата на нивниот телефон со едноставно притискање на екранот на часовникот или ротирање на ротирачката рамка на часовникот – совршен за групни снимки или индивидуални селфи од далечина, без да мора да се враќаат напред-назад кон камерата за да ја направат совршената снимка.

 

Достапност[3]

Новата функција за снимање аудио од 360° ќе се вклучи во моделите Galaxy Buds2 Pro и Galaxy Z Flip4 и Z Fold4 почнувајќи од денес преку ажурирање на софтверот. Подобрената функција за контрола на камерата ќе биде достапна на Galaxy Watch5, Watch5 Pro, Watch4 и Watch4 Classic од почетокот на февруари2. Овие нови функции се очекува да постигнат уште посилна синергија со новите можности на камерата Galaxy и на тој начин да понудат ново и невидено искуство.

За повеќе информации за Galaxy Buds2 Pro и Galaxy Watch5 и Galaxy Watch5 Pro, посетете:

Galaxy Buds2 Pro: https://www.samsung.com/mk/audio-sound/galaxy-buds/galaxy-buds2-pro-bora-purple-sm-r510nlvaeuc/

Galaxy Watch5: https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch5-40mm-silver-bt-sm-r900nzsaeuc/

Galaxy Watch5 Pro: https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch5-pro-black-titanium-bt-sm-r920nzkaeuc/

 

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, кастинг и LED решенија. За најновите вести, посетете ја прес-салата на Samsung на http://news.samsung.com.

[1] Функцијата ќе биде достапна на слушалките Galaxy Buds2 Pro спарени со паметен телефон Galaxy со One UI 5.0 или понова верзија со поддршка за LE Audio, вклучувајќи ги Galaxy Z Filp4, Z Fold4 и следните Galaxy паметни телефони. Потребно е да се инсталираат најновите верзии на паметниот телефон Galaxy и Galaxy Buds. За да ја активирате оваа функција, одете во апликацијата Samsung Camera > допрете ги поставките за камерата откако ќе го изберете режимот на видео > допрете напредни опции за видео > вклучете аудио снимање 360°.

[2] Оваа функција ќе биде достапна на часовниците Galaxy Watch5, Watch5 Pro, Watch4 и Watch4 Classic поврзани со паметен телефон Galaxy со One UI 5.1 или понова верзија со поддршка за апликацијата Camera Controller. Потребно е инсталирање на најновата верзија на софтверот преку апликацијата Galaxy Wearable.

[3] Достапноста може да варира во зависност од пазарот, операторот, моделот и спарениот паметен телефон.

Facebook
Twitter
LinkedIn