Научници го пронајдоа најчистиот воздух во светот


Лос Анџелес, 3 јуни 2020 () – Научници од Универзитетот на Колорадо, веруваат дека го пронашле најчистиот воздух во светот, без честички произведени од човечка активност. Подрачјето се наоѓа над Јужниот Океан околу Антарктикот.

Во првиот научен труд за биоаеросолниот состав на тој океан, истражувачите од Универзитетот откриваат атмосферска област што едноставно не е чепната од човекот.

Времето и климата се тесно поврзани и го поврзуваат секој дел од светот. Климата се менува брзо како резултат на човековите активности, па научниците и истражувачите веќе некое време се трудат да најдат катче на Земјата што не е зафатено од луѓето.

Тоа се наоѓа кај воздухот од граничниот слој којшто ги храни долните облаци над Јужниот Океан. Таму нема аеросолни честички создадени со човечка активност, како што е горење фосилни горива, садење земјоделски култури, производство на ѓубрива, отпадни води, или пак, сообраќајот. 


Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција - МИА
Вести

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција

Скопје, 9 јули 2020 () – Гласањето на претстојните избори, и покрај актуелната пандемија на Ковид-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе решат да го остварат своето избирачко право, тврдат надлежните. Ќе се гласа […]

Уште четири дена до крајот на изборната кампања - МИА
Вести

Уште четири дена до крајот на изборната кампања

Скопје, 8 јули 2020 () – Изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е при крај. Партиите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, подигната економија и развој за наредниот […]