Најдобри летни јадења: лесни и малку солени јадења


Доколку во текот на претходните месеци се навикнавте на поздрав режим на исхрана, еве неколку совети како да продолжите тоа да го практикувате и во текот на најтоплиот период од годината. Во лето, треба да јадете лесна и помалку солена храна, со оглед на тоа дека во овој период губиме повеќе течности отколку во другите годишни времиња. Покрај тоа, на телото тогаш му треба храна што полесно се вари, па затоа ја препорачуваме онаа со многу минерали и скроб.

  1. Малку по малку, во медиумите и на социјалните мрежи се шири вест дека доручекот сепак не е „најважен оброк“. Меѓутоа, факт е дека тоа ќе влијае на исхраната во текот на целиот ден, затоа што ќе утврди колку ќе бидат обилни ручекот и вечерата. Советот е во текот на летниот период да ја избегнувате тешката храна за доручек, како кајмак, јајца и салнина и да ја замените со свеж зелечук и лесни и ладни сендвичи.
  2. Кога станува збор за ручек, по овој оброк најчесто се враќаме на седење, што значи дека не сме активни и не трошиме калории. За да имате поголема контрола врз количината, калориите и состојките, ви препорачуваме сами да го зготвите ручекот и да го земете на работа. Samsung Dual Flex рерната може да ви помогне да бидете максимално ефикасни во тоа, со оглед на тоа дека овозможува подготовка на повеќе оброци истовремено, благодарејќи на двојните врати и одвоените зони со различни програми и температури. Освен тоа, рерната по употребата сама се чисти, користејќи пиролитички систем за чистење што ги загрева вдлабнатините и ги согорува сите останати маснотии и остатоци од готвење.
  3. Добрите летни ноќи одат добро со добра и вкусна вечера, бидејќи најчесто одиме во кревет подоцна и со тоа имаме повеќе време да согоруваме вишок калории. Значи, од време на време можеме да се почастиме со нешто обилно за вечера, имајќи во предвид дека лесната храна и тогаш е најдобриот избор. Оброк салата, паста или чинија со тиквица или модар патлиџан со туна и домати, би било вистинско доживување.
  4. За десерт, наместо торта или колач, земете овошје. Ова совршено ќе ве освежи, а ќе биде спремно за неколку секунди. Потребно е само да го исчистите и добро да го измиете овошјето!
  5. Отфрлањето на газираните пијалоци исто така е пожелно и се препорачува замена со обична вода. Ако сепак сакате да се почастите со вкусен пијалок, можете да изберете лимонада или леден чај, кои имаат малку кофеин и шеќери. Покрај тоа, течности во организмот можете да внесете и со јадење на парче свежа краставица или домати.

Многу го сакаме летото заради моментите што ги поминуваме на отворено. За да уживаме во топлото и убаво време максимално, потрудете се да јадете на отворено што е можно повеќе – во дворот, на клупа или на тераса. Верувајте, ќе уживате!


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти

Скопје, 2 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, […]

ИЗБОРИ 2020: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на Предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

ДИК со измени на Упатството за набљудување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени […]

Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]