На Венера пронајден е гас што на Земјата е признак на живот



На Венера пронајден е гас што на Земјата е признак на живот - МИА

Хјустон, 15 септември 2020 () – Во атмосферата на Венера се откриени траги од гасот фосфин, што може да навести досега непознати за науката процеси на оваа наша соседна планета.

Имено, тоа ги покренува претпоставките дека може да има живи организми во облаците во Венера, бидејќи присуството на фосфинот на Земјата е признак на живот, објави Би-би-си.

Фосфинот е гас чија молекула се состои од еден атом на фосфор и три атоми на водород. На Земјата, соединението се поврзува со живот, т.е. со микроби кои живеат во цревата, на пр., на пингвините или во средини со послабо присуство кислород, како што се мочуриштата.

Фосфинот на Земјата е запалив, има мирис и е отровен, а го произведуваат бактерии на кои не им е потребен кислород. Така, се поставува прашањето – од каде потекнува фосфинот на Венера?

Со оглед на сè што знаеме за Венера, никој сè уште не е во можност да го опише абиотскиот пат до фосфинот, барем не за откриените количини. Тоа значи дека животниот извор на фосфин е можен.


Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]

Вести

Миланов не е задоволен од пресудата за Јанакиески, најави жалба

– Адвокатот на Миле Јанакиески,  Еленко Миланов не е задоволен од пресудата за случајот „Насилство во Центар“ затоа што во завршните зборови бараа ослободителна пресуда, поради што најави дека ќе поднесат жалба. -Имајќи предвид дека Миле Јанакиески […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*