МЕСА ќе одржи уште еден онлајн турнир за видео-игри


МЕСА ќе одржи уште еден онлајн турнир за видео-игри - МИА

Скопје, 30 јуни 2020 () – Македонската еспорт асоцијација (МЕСА) го организира вториот онлајн турнир оваа година во популарната видео игра „Counter Strike: Global Offensive”. Натпреварувањата ќе се одржуваат од 1 до 5 јули со борба помеѓу најдобрите домашни тимови.

– Гејминг и еспорт сцената имаат голем потенцијал да го олеснат секојдневието во овие уникатни периоди, покрај изворот на забава, видео игрите имаат и голема социјална моќ и можност да ги зближат луѓето. МЕСА со своите поддржувачи активно ја демонстрира оваа нова реалност и ја унапредува положбата која видео игрите ја имаат во македонското секојдневие. Моќта на гејмингот беше препознаена и од Светската здравствена организација која од почетокот на оваа година во соработка со популарни лица од гејминг сцената создаде интернет кампања под мотото #PlayApartTogether. Домашната сцена штотуку почнува да добива структура како и континуирани и компетентно организирани настани кои дополнително помогаат во етаблирање и афирмирање на гејмингот како двигател во општеството, изјави Константин Пејоски, претседател на Македонската еспорт асоцијација.

Преносот на овој турнир ќе оди во живо на најпознатата платформа за стриминг на видео игри Твич – Twitch.tv/mesa_esports. Преносот во живо за време на работната недела, односно од среда до петок ќе започне од 18:00 часот, додека почетокот на стримот за викенд ќе започне од 11:00 часот.

Победниците ќе бидат наградени преку поддршката од спонзорите на настанот: EU House и Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Нексио, Неотел, Галерија, Pizza Jakomo и GG.MK.


Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]

Втор ден кампања, партиите на средби со граѓани со почитување на мерките на заштита - МИА
Вести

Вкупно 1.814.263 граѓани имаат право на глас, партиските ветувања и препукувања со засилено темпо

Скопје, 2 јули 2020 () – Вкупно 1.814.263 граѓани имаат право да гласаат на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 15 јули. Државната изборна комисија (ДИК) вчера го заклучи Избирачкиот список. Во меѓувреме, кампањата продолжува […]

Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 120 случаи со Ковид-19, четворица починати, 123 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5. Во ГОБ […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*