Медицинското списание „Лансет“ го повлече истражувањето за хлорокинот


Медицинското списание „Лансет“ го повлече истражувањето за хлорокинот - МИА

Њујорк, 5 јуни 2020 () – Едно од највлијателните и најпрестижни медицински списанија „Лансет“ го повлече истражувањето за лекот хидроксихлорокин, што беше објавен на 22 мај.

“Тројцата автори вчера ја повлекоа својата студија. Тие не се во можност да направат независна ревизија на податоците врз кои се темели нивната анализа. Како резултат на тоа, тие заклучија дека веќе не можат да гарантираат за вистинитоста на примарните извори на информации”, наведува списанието.

Четвртиот автор на студијата не сакаше да коментира за нејзиното повлекување, пренесуваат британските медиуми.

Истражувањето извршено врз речиси 100.000 пациенти со коронавирус покажа дека хидроксихлорокин и хлорокин не само што не дале добри резултати во третманот, туку може да ја зголемат веројатноста за смрт во болниците.

Според истражувањето, смртноста кај пациенти кои земале хидроксихлороин е 18 проценти, кај оние кои земале хлорохин 16,4 проценти, а кај контролната група на кои не им била дадена лекот девет проценти  Кај оние на кои им било дадено антибиотици покрај хидроксихлорокин и хлорохин, смртноста била уште поголема.

 


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти

Скопје, 2 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, […]

ИЗБОРИ 2020: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на Предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

ДИК со измени на Упатството за набљудување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени […]

Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]