Samsung Electronics неодамна ја претстави новата линија на телевизори за 2023 година која може да се пофали со низа технолошки подобрувања, дизајнирани да дадат врвен квалитет на слика, звук и употребливост. Од март оваа година, рецензентите ширум светот имаат ран пристап до најновите Samsung Neo QLED 8K, Neo QLED 4K i OLED телевизори, според што е јасно дека линијата за 2023 веќе предизвикува голем интерес.
Телевизорите на Samsung од линијата 2023 веќе поставуваат нови стандарди за премиум екрани со надградени премиум карактеристики и иновации кои овозможуваат неспоредливо искуство на гледање. Подолу се неколку клучни извадоци од првите рецензии.
Попис на истакнати статии (по азбучен редослед за секој сегмент):
[Neo QLED 8K] Techaeris, TechRadar [Neo QLED 4K] Newsweek, T3, Trusted Reviews [OLED] HD Guru, Home Cinema Choice, Sound & Vision [Q Symphony] Trusted ReviewsСигурна иднина за забавата во домот со Neo QLED 8K TV
Samsung Neo QLED 8K го покажува патот до врвната технологија за прикажување и поставува нови стандарди во индустријата од година во година. Со најновата технологија за зголемување на резолуцијата и напредните функции, квалитетот на Neo QLED 8K беше високо ценет со години, а сега им се придружува и серијата од 2023 година со позитивни критики. Во срцето на беспрекорниот Neo QLED 8K екран е 8K Neural Quantum Processor, кој управува со бројни невронски мрежи и алгоритми. SoC користи вештачка интелигенција и технологија за машинско учење за да направи секој детал да блеска на екранот, а заедно со Quantum Matrix Technology Pro, обезбедува прецизна контрола на позадинското осветлување што го осветлува секој истакнат сегмент додека ги прикажува длабоките нивоа на црна боја. ПубликацијатаTechaeris истакнува дека Neo QLED 8K QN900C Neo-QLED TV 190cm (75 инчи) е фантастичев телевизор и го декларира уредот како “Top Pick 2023.” Доколку сакате својот простор за забава да го подготвите за иднината, Samsung QN900C е извонреден избор за тоа.
TechRadar исто така го пофали Neo QLED 8K TV (QN900C) за неговата технологија за зголемување на резолуцијата. Напишаа: „Најдобриот 8K телевизор на Samsung има извонредно детална слика,благодарение на Neural Quantum Processor. Имаше доста моменти кога тивко изговарав “wow” додека го гледав, a тоа секако не е нешто што го правам со секој телевизор што го тестирам“ (TechRadar, 02/2023).
Вистински живи бои и восхитувачки контраст со Neo QLED 4K технологијата
Изградени врз основа на технолошкиот напредок на серијата Neo QLED 8K ТВ, телевизорите Samsung Neo QLED 4K 2023 веќе се на насловните страници поради нивниот неверојатен екран со беспрекорна 4K резолуција.
Newsweek го пофали QN95C за неговите технологии за прикажување кои им овозможуваат на потрошувачите квалитетно доживување при гледањето, без разлика што гледаат, пишувајќи: „Samsung 65QN95C е неверојатно светол 4K телевизор, преполн со сите карактеристики што ќе ги сакаат љубителите на филмови и гејмерите“. Рецензијата, исто така, истакнува дека Samsung QN95C е еден од најдобрите телевизори што можете да ги купите, обезбедувајќи црна боја речиси еднаква на OLED технологијата и одлични перформанси при гејмање или стримање.
T3 на QN95C му додели „Platinum Award“ и му даде пет од пет ѕвезди во рецензијата. За споредбата со други екрани, тие напишаа: „Samsung QN95C обезбедува исклучителен квалитет на сликата што може да се натпреварува со сите OLED уреди на пазарот“. (T3, 03/2023).
Trusted Reviews исто така ги спореди перформансите на QN95 со другите уреди на пазарот, наведувајќи: „Едноставно нема друг LCD телевизор што го користи локалното затемнување толку добро како Samsung QE65QN95C за да го ограничи отсјајот на задното осветлување“. Публикацијата, исто така, ја пофали технологијата Quantum Matrix, пишувајќи: „Samsung отиде чекор понатаму со својот најнов Mini LED телевизор, кој може да се пофали со огромно зголемување на зоните на затемнување – а резултатите се ништо помалку од спектакуларни“.
4K Neural Quantum Processor и Quantum Matrix технологијата вградени во телевизорот Neo QLED 4K работат заедно за да испорачаат брилијантни детали и сензационален контраст, како што вели Trusted Reviews: „Заедно со веќе воспоставената експертиза на Samsung за локално затемнување и управување со енергија, ова огромно зголемување на површината на затемнувањето може да го подигне квалитетот на сликата на сосема ново ниво“.
OLED искуство кое ја менува играта - го покренува Neural Quantum Processor 4K
Мисијата на Samsung е да одговори на различните барања на потрошувачите преку обезбедување на екрани за нивните домови. Најновата линија на телевизори нуди низа на премиум екрани погодни за секој дом и секој потрошувач, вклучувајќи ги и Samsung OLED 2023 телевизори кои нудат динамичен квалитет на сликата со длабока црна и живописни бои.
Samsung OLED се карактеризира со неверојатна максимална осветленост, но благодарение на напредната обработка, не му недостасуваат длабоки црни или зачудувачки контраст. HD Guru во својата рецензијаистакна дека најновиот модел на Samsung S95C има: „значително зголемена осветленост со задржување на100% волумен на боите.” Home Cinema Choice исто така, го пофали импресивниот квалитет на боите на S95C и му додели „Best Buy“ ознака, наведувајќи: „Подобрувањата во осветленоста и репродукцијата на боите се постигнати без никакви компромиси кога станува збор за нивоата на длабока црна боја што ги очекувавме од OLED технологиите.
Samsung OLED екраните ги задржуваат клучните придобивки од OLED технологијата, додека ги надминуваат ограничувањата својствни за осветленоста на OLED технологијата со користење 4K Neural Quantum procesora. „Моделот од 195 cm (77 инчи) S95C испорачува моќна комбинација на живост на OLED технологијата со квантни точки, прецизност на бојата на референтно ниво и хипербрза репродукција”, напиша Sound & Vision. Рецензентот, исто така, ја оддаде признание за посветеноста на Samsung за иновации, пишувајќи за S95C дека: „Тоа беше долг пат до телевизор кој целосно ја изразува креативната намера штом надвор од кутијата, но тоа е тоа“.
Реално звучно искуство со технологијата Q-Symphony и обработката на звукот
Клучен елемент во обезбедување на кинематографско искуство на домашната забава е богатиот и извонреден звук што ја надополнува реалната слика, која Samsung целосно ја дава со својата линија за 2023 година.
Телевизорите Samsung 2023 се опремени со иновации како што е функцијата Adaptive Sound+, која користи технологија за вештачка интелигенција за да го обработи секој звучен објект и да обезбеди дека целиот звук е јасен и со вистинска јачина. Исто така, продолжува да ја користи технологијата Q-Symphony, која користи вештачка интелигенција за да го подобри хармоничниот звук на комбинираните ТВ звучници и soundbar звучниците.
Телевизорите на Samsung од серијата 2023 добија бројни награди за нивната извонредна звучна слика, а публикации како што се Trusted Reviews истакнуваат: „исто така нудат верзија подобрена со вештачка интелигенција на функцијата Q-Symphony на Samsung, која овозможува поефикасно групирање на звучниците од телевизорот со soundbar звучници за да се создаде поголема и подетална звучна слика.” Во редакцијата, телевизорот е оценет како „Highly Recommended” и награден со 5 од 5 ѕвездички.
Samsung продолжува да ја револуционизира индустријата и веќе 17 години ја зацврстува својата позиција како лидер на глобалниот пазар на телевизори. За да дознаете повеќе за телевизорите на Samsung за 2023 година, посетете ја веб-станицата на Samsung на овој линк