Лансирањето на роверот „Упорност“ на Марс е одложено за 22 јули


Лансирањето на роверот „Упорност“ на Марс е одложено за 22 јули - МИА

Хјустон, 26 јуни 2020 () – Испраќањето на роверот „Упорност“ (Perseverance) на Марс е одложено за  22 јули годинава, како резултат на проблеми со опремата за поддршка од Земјата, соопшти НАСА.

Проблемот е откриен при поставувањето на вселенското возило во заштитната обвивка што ќе оди на врвот на ракетата Атлас 5.

„Речиси сме подготвени. Но, потребно ни е дополнително време за решавање на проблемот со контаминацијата“, се вели во соопштението на НАСА.

Роверот од 1.000 фунти требаше да биде лансиран од космодромот Кејп Канаверал на Флорида, на 17 јули. Ако „Упорност“ летово не се упати кон Марс, проектот ќе мора да почека до септември 2022 година, што сериозно ќе влијае на долгорочните цели на НАСА, т.е. на програмите за истражување на Марс и ќе го зголеми севкупниот ризик на мисијата, соопшти вселенската агенција.

Роверот, со големина на мал автомобил, ќе бара знаци на живот и, можно постоење на микроби на Марс. Натаму, ќе има и проучување на климата и геологијата и ќе се собираат примероци од карпи и од почвите.  


Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]

Втор ден кампања, партиите на средби со граѓани со почитување на мерките на заштита - МИА
Вести

Вкупно 1.814.263 граѓани имаат право на глас, партиските ветувања и препукувања со засилено темпо

Скопје, 2 јули 2020 () – Вкупно 1.814.263 граѓани имаат право да гласаат на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 15 јули. Државната изборна комисија (ДИК) вчера го заклучи Избирачкиот список. Во меѓувреме, кампањата продолжува […]

Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 120 случаи со Ковид-19, четворица починати, 123 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5. Во ГОБ […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*