Кина од септември тргнува во потрага по вонземјани


Кина од септември тргнува во потрага по вонземјани - МИА

Пекинг, 3 јуни 2020 () – Кина наскоро ќе почне со потрагата по живот надвор од Земјата и, за таа цел, штотуку ја заврши изградбата на огромниот телескоп ФАСТ („Петстотиниметарски апертурен сферичен телескоп“). Неговата изградба почна во 2011 година, а официјално беше претставен во јануари годинава.

Изградбата на телескопот чинеше 180 милиони долари.

Главниот и одговорен лидер на проектот, проф. Жанг Тонџи истакнува дека потрагата нема да ги прекинува редовните научни мисии. И, иако има некои „интересни кандидати за вонземски сигнал“, професорот смета дека не сите примени сигнали ќе доаѓаат од живо интелигентно суштество.

ФАСТ има дијаметар од 500 метри. Сместен е во областа Пингтанг, во провинцијата Гуижоу, јужна Кина, и треба да почне со барање вонземски сигнали во септември оваа година. Речиси 8.000 луѓе во круг од пет километри околу телескопот беа евакуирани (односно преселени), со цел непречено примање на сигналите.

ФАСТ го собори рекордот на телескопот Аресибо во Порто Рико, чија „чинија“ има дијаметар од близу 300 метри. 


Различни ветувања од партиите, во фокусот младите и економијата - МИА
Вести

Различни ветувања од партиите, во фокусот младите и економијата

Скопје, 6 јули 2020 () – Правда за сите, администрација по европски стандарди, сигурност, просперитет, борба против корупцијата и криминалот, обнова на правосудството, подобар живот за младите, реформи во образованието, ова синоќа им го ветија […]

Бројот на починати од коронавирус во САД надмина 50.000 - МИА
Вести

Во континуитет висок број на починати од Ковид-19, досега 341 смртен случај

Скопје, 6 јули 2020 () – Седум починати од Ковид-19 се регистрирани вчера, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 341. Пет од нив се од Скопје, еден од Тетово […]

Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти - МИА
Вести

Регистрирани 115 нови случаи на КОВИД-19 и седум починати

Скопје, 5 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети […]