Иновативно: Прскалка за лозје робот со мотор на бензин и движење 4 километри на час


Компанијата Јанмар претстави технолошка иновација за лозарите, а се работи за робот за примена на пестициди.


 

Производителите ги истакнуваат неговите придобивки – од нанесување на површини од сите големини, подобрена безбедност, продуктивност до намалени трошоци за производство и разновидност.

– YV01 е автономна машина за прскање која може да го промени начинот на работа во лозјата, а е поддржана од Yanmar технологијата и квалитетот – наведува оваа компанија.

Поради малата тежина од еден тон и компактноста, роботот може да се качува и спушта по падини до 45% додека го намалува набивањето на почвата во сите временски услови. Покрај тоа, лесно може да се транспортира на терен со приколка или камион.

Користи напреден систем за прскање и обезбедува прецизни третмани со производи за заштита на растенијата, со вистинска количина на капки. Тоа значи дека е потребна мала количина пестициди, а неговиот резервоар може да собере 200 литри.

Според најавата, YV01 е опремен со најсовремена автономна технологија, затоа е флексибилен, лесен и еколошки, бидејќи обезбедува прецизно прскање на лозата.

Идеален е за лозја кои имаат помало растојание помеѓу редовите и каде што лозите се малку пониски.

– Посебно е погоден за мали лози, а совршен додаток е на поголеми машини кои се користат на големи површини – вели Питер Арсен, претседателот на компанијата.

Тој вели дека со комбинирање на заштеда на трошоци, зголемена продуктивност и безбедност на работното место, овој робот може да се трансформира за употреба и во големи и во мали лозарски операции.

Благодарение на механизмот за електростатско прскање, ги третира растенијата прецизно. Тоа е систем кој произведува фин прилив на наелектризирани капки кои се привлекуваат кон листовите така што сите површини, дури и скриените, се третираат. Во исто време, тоа е заштеда на пари.

Го придвижува мотор бензинец Honda IGX 800, со 27 коњски сили. Резервоарот за гориво собира 19 литри, а роботот има забрзување од четири километри на час. Продажбата на оваа автономна машина се очекува да започне во 2022 година.

Роботот погледнете го на следниот линк: